ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Радувајте се, Мицкоски го има лекот за спас на економијата?!

Мицкоски на денешниот прес крајно недолично инсинуираше и ги извртуваше мерките кои денес се донесени од Владата и манипулираше со чувствата на граѓаните повторно само за да ќари некој политички поен. Ќе има ли некој умен во тоа друштво од прескапата бела палата, да го потприбере или ќе го остават да се брука човекот? 

March 31, 2020 18:32
in ESPRESSO, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

коментира: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Радувајте се народе. Се јави спасителот Мицкоски и предложи револуционерни мерки за спас на македонската економија?!

Ма какви откажувања од буџетските пари за партиите, ВМРО-ДПМНЕ тоа нема да го дозволи кога има пари за сите, само треба да се распределат како што треба, вели претседател на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски.

Така Мицкоски на днешниот прес предложи да се претура од еден фонд во друг, не знам како на економските експерти тоа не им текна до сега.

Тој крајно недолично инсинуираше и ги извртуваше мерките кои денес се донесени од Владата и манипулираше со чувствата на граѓаните повторно само за да ќари некој политички поен. Ќе има ли некој умен во тоа друштво од прескапата бела палата, да го потприбере или ќе го остават да се брука човекот?

Врв на неговото излагање беа компарациите како државите од регионот економски реагирале на кризата која е резултат на пандемијата. И ни помалку ни повеќе, погодувате, за пример ги зеде економските мерки кои ги презела Словенија. Најразвиената земја во регионов која е полноправна членка на ЕУ уште од 20004 година, типичен пример за споредба со тоа што е спремна нашата економија и буџет да поднесе, нели. Инаку една од мерките кои и Мицкоски ги спомна за да поентира е таа дека сите самовработени од погодените бизниси во Словенија ќе добијат помош од 700 евра. Мора да се признае, и кај нас ептен применливо. Браво Мицкоски!

Мицкоски, со кој памет човече споредуваш економија која едвај последниве две години поткрена глава од девастираната состојба која ја оставивте во 2017 година, со силна економија и држава која има најголем БДП по глава на жител од сите земји што од 2004 година влеле во ЕУ?

Браво бе вмровски експерти, ова од Трајко Славевски ли е совет? Мене како од оној ширачот на лажни вести Милошоски, или од Александар Николовски совет ми личи, Трајко не би се избламирал до толку: Хм… барем мислам дека не би се избрукал така, шо знам?

 

Next Post

Некогаш Ахмети бараше правда за секој што згрешил, денеска правдата била селективна

НАЈНОВО

Почна аплицирањето за студентски стипендии за 2025/2026: Рокот е до 15 ноември

November 1, 2025
Фото: МИА

Предизборен молк пред вториот круг: Денеска гласаат болни, затвореници и изнемоштени лица

November 1, 2025

Само 10 отсто жени во трката за градоначалничко место во првиот круг, во вториот круг само три кандидатки

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk