Пред точно пет години кога лидерот на тогашната опизиција Зоран Заев објавуваше содржини од нелегално прислушкуваните разговори, лидерот на интегративците јавно тврдеше дека не се плаши од бомбите. Али Ахмети тогаш повика да се објави секој доказ за секој функционер на ДУИ додавајќи дека тие не ја злоупотребиле власта.
„Ние го поздравуваме објавувањето на бомбите. Нема од што да се плашиме. Не сме да има нејаснотиии ниту да не бидат задоволени љубопитните. Ве уверувам Вас и сите оние кои чекаат да бидат објавени некој разговори, дека ние не сме на власт за лично збогатување. Јас еднаш реков дека во ДУИ не се сите ангели, но ако евентуално се утврди дека некој ја злоупотребувал функција, тој за тоа ќе одговара. Ние нема да ги тужиме оние што ги објавуваат прислушуваните разговори. Ние не флертуваме со ниту една партија и не работиме со двојни стандарди. Тоа што јавно го кажуваме, ние и го работиме во јавниот живот”, рече Али Ахмети, претседател на ДУИ на 17.03.2015 за објавените бомби од лидерот ма СДСМ Зоран Заев.
Но, откако денеска Кривичниот суд ги осуди со 3.5 години досегашниот кординатор на ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури за изборни манипулации на локалните избори 2013-та година, ДУИ не ја прифати правдата изчезна од бомбите. ДУИ денеска обвинува дека правдата била селективна и политизирана.
„Треба да ја искорениме селективната политички и етнички мотивирана правда со одлуки кои се основаат на нарачки, а не на закон. Неселективната правда се постигнува преку целосен Ветинг на обвинителите, судиите и политичарите”, реагираа од ДУИ.
Арбен Зеќири