Одлуката за 200 милиони евра е стратешка одлука на Владата, а во една криза како оваа секако дека по здравствената многу важна и економската страна, – посочи Премиерот на Република Северна Македонија Оливер Спасовски на гостувањето во ТВ Телма.
„Врвен приоритет е здравјето на граѓаните и затоа голем дел од ресурсите ги насочуваме кон оние кои допринесуваат во спречување на ширење на вирусот. Колку помалку ќе трае оваа криза толку подобро ќе биде за економијата. Воедно ова е втор сет на мерки со цел да им помгнеме на реалниот сектор за да може економија после оваа состојба да продолжи да функционира ,а воедно многу е важно да им помогнеме на работниците, работодавачите и на сите нас“ – истакна премиерот Спасовски