Владата на Соединетите Американски Држави, повикувајќи се на властите за национална безбедност, издаде итна директива за контрола на извозот со која се суспендира секаков пристап до најнапредните AI модели на вештачка интелигенција на компанијата „Антропик“ (Anthropic) – Fable 5 и Mythos 5.
Како што соопштија официјално од компанијата, наредбата важи за кој било странски државјанин, без разлика дали се наоѓа во или надвор од САД, вклучувајќи ги и странците кои се вработени во самиот „Антропик“. Поради ова, компанијата беше принудена нагло да ги исклучи овие модели за сите свои корисници ширум светот.
The US government, citing national security authorities, has issued an export control directive to suspend all access to Fable 5 and Mythos 5 by any foreign national, whether inside or outside the United States, including foreign national Anthropic employees.
The net effect of…
— Anthropic (@AnthropicAI) June 13, 2026
Во соопштениетo со наслов „Изјава за директивата на владата на САД за суспендирање на пристапот до Fable 5 и Mythos 5“, објавено на 12 јуни 2026 година, „Антропик“ изрази несогласување со драстичната мерка на Вашингтон, пренесувајќи ги деталите и оригиналните ставови на менаџментот.
Што ја предизвика итната владина реакција?
Директивата била примена во петокот во 17:21 часот по источноамериканско време. Според „Антропик“, писмото од владата не содржело специфични детали за безбедносната загриженост, но наводно е реакција на откриен метод за заобиколување на заштитата, односно „џејлбрејк“ (jailbreaking) на AI моделот Fable 5, со кој можат да се откријат минорни софтверски пропусти.
„Антропик“ нагласува дека владата досега им доставила само вербални докази за потенцијален тесен „џејлбрејк“, кој во суштина се состои во тоа што од AI моделот било побарано да прочита специфична база на код и да ги поправи софтверските пропусти.
Оригинален цитат од „Антропик“:
„Прегледавме извештај за кој веруваме дека е основа за директивата на владата и потврдивме дека нивото на способност прикажано таму е широко достапно и кај други AI модели (вклучувајќи го и GPT-5.5 на OpenAI) и се користи секој ден од дефанзивците кои ги чуваат системите безбедни.“
Совршена заштита не постои: Стратегија на „длабока одбрана“
Од компанијата цврсто стојат зад безбедносните протоколи на кои работеле илјадници часови пред лансирањето, во соработка со американските власти и британскиот Институт за безбедност на AI (UK AISI). Тие уште при лансирањето јасно кажале дека ниту еден AI модел на пазарот не е 100% отпорен на вакви напади.
Оригинален цитат од „Антропик“:
„Очекуваме дека совршена отпорност на џејлбрејк моментално не е можна за ниту еден провајдер на модели. Секоја заштита што се користи во индустријата е ранлива на неуниверзални џејлбрејкови… Со оглед на тоа што совршената отпорност не е можна денес, Антропик усвои стратегија на длабока одбрана (defense in depth) со Fable 5. Нашата цел беше да ги направиме џејлбрејковите или тесни… или многу скапи за производство.“
„Антропик“: Ако ова стане стандард, ќе запре развојот на вештачката интелигенција
Од „Антропик“ порачуваат дека иако законски се потчинуваат на наредбата и веднаш го отстрануваат пристапот до Fable 5 и Mythos 5, сметаат дека повлекувањето на комерцијален AI модел користен од стотици милиони луѓе поради ваков минорен пропуст е опасен преседан за целата технолошка индустрија.
Оригинален цитат од „Антропик“:
„Сепак, не се согласуваме дека наоѓањето на тесен потенцијален џејлбрејк треба да биде причина за отповикување на комерцијален модел кој е имплементиран кај стотиci милиони луѓе. Доколку овој стандард се примени низ целата индустрија, веруваме дека тоа суштински ќе ги запре сите нови имплементации на модели за сите провајдери на напредни AI модели (frontier model providers).“
Компанијата упати јавно извинување до своите корисници за прекинот во работата, нагласувајќи дека цврсто веруваат оти станува збор за „недоразбирање“ и дека веќе работат со владата на САД за да го решат проблемот и да го вратат пристапот до AI моделите што е можно поскоро. Пристапот до сите останати модели на „Антропик“ (како Opus, Sonnet и Haiku) останува непречен.
Редакција Фронтлајн







