НА мака се познаваат јунаците! – пишува Сашо Орданоски во денешната колумна. Што и да направите во време на ваква голема криза, какви мерки и да донесете, секогаш ќе има губитници и добитници во процесот.
ДИРЕКТОРОТ на штипската клиника Георгиев, до координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Јорданов: Бедно и срамно е да се плашат и манипулираат граѓаните на Штип и регионот.
ТЕСТИРАЊЕ за корона вирус во Скопје се врши на пунктовите во поликлиниките „Јане Сандански“, Ченто, Чаир и Идадија.
КАРАНТИНОТ, изолацијата и социјалното дистанцирање се мерки кои докажано го забавуваат ширењето на КОВИД-19 и ни помагаат да го заштитиме јавното здравје, објави на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.
ИНФОРМАЦИИТЕ од терен за онлајн-наставата се доста охрабрувачки. Досега не сме примиле информација дека во некое училиште воопшто не се организира онлајн-настава. Има одредени предизвици со кои нашиот образовен систем се соочува и во нормални околности, особено кога говориме за најмалите – од прво до трето одделение, зашто сите не знаат да ракуваат и сите немаат свој ИТ-уред, изјави министерот за образование и наука Арбер Адеми.
„АЛКАЛОИД“ АД Скопје соопшти дека на пазарот има производи што претставуваат фалсификати на средствата за дезинфекција што ги произведуваат – Ecosal® и Dezintal®, а кои се воедно и нивни заштитени трговски марки.
ОД СДСМ велат дека Владата донесе сериозни мерки за спас на компаниите погодени од корона кризата и спас на работните места. Нагласуваат дека затоа Владата го донесе вториот пакет економски мерки кои имаат за цел побрзо и поефикасно справување со економските последици од корона вирусот.
ЈАПОНИЈА пред вонредна состојба. Бројот на новозаразени од коорна вирусот во Јапонија забразнао се зголемува и земјата се наоѓа на прагот од прогласување вонредна состојба, изјави шефот на кабинет на премиерот Јошиде Суга.
НА американски носач на авиони има 100 заразени со корона вирус. Заповедникот на американскиот носач на авиони „Теодор Рузвелт“, на кој има повеќе од 4.000 членови на екипажот, побарал итна помош заради епидемијата на корона вирус на неговиот брод.
АГЕНЦИЈАТА за храна и ветеринарство спровела 738 вонредни контроли – констатирани пропусти, издадени решенија за нивно отстранување.
АПЛИКАЦИЈАТА за видеоконференции Zoom е под лупа затоа што нејзината популарност набрзина порасна со пандемијата на корона вирусот.
ДОДЕКА државата, сите институции и граѓани се борат со здравствените и економски последици од корона вирусот, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мора да ги напуштат теснопартиските интереси и да се стават во функција на справување со кризата.