ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

АХВ: Спроведни 738 вонредни контроли – констатирани пропусти, издадени решенија за нивно отстранување

Засилените контроли, велат од АХВ, се спроведуваат како дел од активностите на Агенцијата за намалување на ризиците и спречување на ширење на вирусот КОВИД-19.

April 1, 2020 09:31
in ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пропусти во поглед на почитување на препораките за заштита од корона вирусот, како и недоследности во однос на општите хигиенски услови и продажба на производи со изминат рок на употреба, како и пропусти во редовното водење записи за спроведување на добри хигиенски практики, утврдени се при контролите што ги врши Агенцијата за храна и ветеринарство. За утврдените недоследности, донесени се 32 решенија за нивно отстранување, изречени се 46 мерки едукација и две парични казни.

Како што информираат од АХВ, 738 вондредни контроли спровеле инспекторите за храна и официјалните ветеринари во изминатите две недели, во продавници, супер маркети, угостителски објекти и месарници, од стартот на засилените инспекциски контроли кои Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почна да ги спроведува кај операторите со храна, од 16 март годинава.

Засилените контроли, велат од АХВ, се спроведуваат како дел од активностите на Агенцијата за намалување на ризиците и спречување на ширење на вирусот КОВИД-19, во рамки на кои се вршат проверки дали операторите со храна покрај, основните и посебните услови за производство, дистрибуција и трговија со храна, ги почитуваат и препораките на Владата и Комисијата за заразни болести, за спроведување на засилената дезинфекција на опремата и транспортните средства и објектите за трговија, со цел намалување на потенцијалната опасност од ширење на корона вирусот.

Агенцијата за храна и ветеринарство им препорачува на бизнис операторите со храна да ги почитуваат донесените мерки на Владата на Република Северна Македонија за справување со корона вирусот и неодамна објавените препораки од АХВ за безбедно работење во услови на пандемија со вирусот КОВИД-19.

Next Post
фото: Ј. Ѓорѓиоски

Снежна покривка и минусни утрински температури

Shortcut

Најново

Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk