Во гостувањето на „Само Вистина“ на „Канал 5 ТВ“ лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, на кој водителката на емисијата му се обрати со генерале, изјави дека во овој момент генерал е министерот Венко Филипче.
– Во овој период главен генерал е министерот Венко кој што, барем досега успешно се справува со ова зло кое што се заканува на целото човештво, без разлика каде се наоѓаат луѓето и веривам дека нашиот здравствен систем одгоцори правовремено иако секој пат можеме да кажеме требаше порано,но кога ќе се вратиме неколку чекори назад на почетокот дури и на нас граѓаните ни се чинеше дека некои мерки беа претерани, вели Ангелов.
Тој вели дека најголемиот дел од македонските граѓани сериозно ја сфатија опасноста од вирусот и се однесуваат во согласност со препораките, барем колку што можат.
– Не секаде луѓето можат да ги почитуваат препораките на владата и на СЗО. Пример се конфекциите во Штип, каде вработените одат на работа, заштитени се со маски но тоа не е доволно. Доколку во еден погон се појават неколку заразени работнички тоа може да ескалира кон сите, вели тој.
Тој апелираше да се поведе сметка за овие работници кои се изложени на овој ризик, бидејќи болеста, според него, ќе ескалира.