ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Времена забрана за нови вработувања во јавен сектор, набавка на мебел, опрема и возила

Владата на денешната 32-ра седница донесе одлука со која во јавниот сектор времено се забрануваат новите вработувања, нови ангажирања преку агенции за привремени вработување и нови договори на дело, освен за ангажирања на соодветен кадар во здравствениот сектор и во други сектори кои се во насока на справување со последиците од коронавирусот.

April 1, 2020 19:52
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

 Владата донесе времена забрана за вработување во јавниот сектор, освен во здравството, се забранува и набавка на мебел, опрема и возила, а јавните претпријатија и АД во државна сопственост треба да ги намалат тековните расходи за 15 проценти за 2020, со цел намалување на непродуктивни расходи поради справување со здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот.

Владата на денешната 32-ра седница донесе одлука со која во јавниот сектор времено се забрануваат новите вработувања, нови ангажирања преку агенции за привремени вработување и нови договори на дело, освен за ангажирања на соодветен кадар во здравствениот сектор и во други сектори кои се во насока на справување со последиците од коронавирусот.

Тоа значи дека нема прием на нови вработувања за сите трајно испразнети работни места (пензионирања и други заминувања по различни основи). Доколку се утврди неопходност за пополнување на некое работно место, истото ќе се пополнува од институции каде што има суфицит, а доколку нема таков кадар по институциите, за ангажирање на лицата ќе одлучува Владата.

Со оваа одлука не се стопираат веќе почнатите постапки за вработувања, за кои има согласност од Министерство за финансии, а за издадените согласности за кои не се започнати постапки за вработувања да не се започнуваат.

За намалување на непродуктивни расходи поради справување со здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот Владата донесе одлука со која се сведуваат на минимум расходите за репрезентации, спонзорства и реклами да се сведат во јавниот сектор, се пролонгира до крајот на 2002 година Колективниот договор за култура, а на вработените во јавниот сектор нема да се доделува регрес за годишен одмор во 2020 година и нема да се реализираат другите права во Општиот колективен договор за јавниот сектор за 2020 година.

Се забранува и набавка на мебел, опрема и возила, кои суштински и директно не се поврзани со справување со здравствено-економската криза предизвикана од вирусот КОВИД-19, освен за оние за кои има дозвола од Владата и се задолжуваат  јавните претпријатија и АД во државна сопственост да ги намалат тековните расходи за 15 проценти за 2020 година и за тоа да ја известат Владата.

Владата до крајот на 2020 година ги задолжува буџетските корисници и единките корисници да ги почитуваат мерките за намалување на расходите.

Со одлуката, исто така, се задолжува Владата да ги информира општините, јавните претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост и останати субјекти во јавен сектор за донесените мерки за намалување и им препорачува да ги почитуваат донесените мерки за намалување на расходите, како и да се воздржат од помалку суштинските расходи кои не придонесуваат во справувањето со коронавирусот.

Next Post

21: Времена забрана за нови вработувања во јавен сектор, за секој пациент се води максимална грижа, починатата родилка и починатиот маж од Битола немале Ковид

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk