Филипинскиот претседател Родриго Дутерте им нареди на припадниците на полицијата и војската да пукаат во сите што прават „неволји“ поради едномесечниот карантин со кој тамошните власти се обидуваат да го сопрат ширењето на корона вирусот.
„Ова нека биде предупредување за сите – слушајте ја владата, во ова време клучно да имаме ред. Немојте да им наштетувате на здравствените работници и на докторите затоа што тоа е сериозен злочин“, изјави Дутерте во обраќањето до нацијата.
Претседателот на Филипини потоа им нареди на припадниците на полицијата и војската: „Ако некој ви прави проблеми, а вашите животи се загрозени, застрелајте ги“.
Дутерте испрати предупредување до сите жители на главниот град Манила кои што протестираа затоа што не добиле никакви пакети со храна и други залихи откако пред две седмици започнаа рестрикциите поради коронавирусот.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, за време на протестите, безбедносните сили ги предупредиле жителите да се вратат во своите домови, но тие го одбиле тоа. Поради тоа, протестот бил разбиен и биле уапсени 20 лица.
Според последните податоци, на Филипини од Ковид-19 се заразени 2,311 лица, а како последица на вирусот досега починале 96 лица.