ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФЕМИНА

Костова на ФБ: Ужас и гадење ми предизвика веста за грозоморното родово насилство, но, за жал, не и неверување

Ваквите брутални испади на родово базирано насилство не се случајни, не се изнедруваат од нигде никаде. Всушност, тие се многу логичен резултат на таа „култура на силување“ во која живееме, а која е засилена од патријархатот и традицијата.

April 2, 2020 21:50
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ, ФЕМИНА
Фото: илустрација

Фото: илустрација

Share on FacebookShare on Twitter

Ужас и гадење кај мене предизвика веста за грозоморното родово насилство од двајца млади мажи чија жртва е млада девојка.

Но, за жал, не и неверување.

Знаете, ваквите брутални испади на родово базирано насилство не се случајни, не се изнедруваат од нигде никаде.

Всушност, тие се многу логичен резултат на таа „култура на силување“ во која живееме, а која е засилена од патријархатот и традицијата.

Тој долг, невидлив ланец кој го зацврстува родово базираното насилство во основите на општеството започнува со навидум наивни алки, како народни поговорки и „мудрости“ кои ја омаловажуваат жената, па преку вицеви и „шеги“ кои го нормализираат лошиот однос кој општеството го има кон жените, па преку религиозни обреди и норми кои практично го стандардизираат насилието кон жените, па преку релативизирање на оние „ситни“ насилни испади, како викање и довикување, упатување навреди кон жените во јавниот и во приватниот простор, па преку „истурање“ на агресијата врз околни предмети…
Па кубење коса, па „слаб“ шамар, па посилен шамар, па бокс, па…

Причината за родово базирано насилство секогаш се родово базираните нееднаквости и предрасуди.
Затоа, не изненадува што најчесто жртви на родово базирано насилство се оние кои патријархатот ги поистоветува со другост, со инаквост, со помала важност. Жените.

Тоа е културолошка матрица длабоко врежана во колективната меморија и однесување, а која во себе содржи изобилие од насилство насочено кон жените во различни степени.

И честопати насилните карактеристики и постапки одат заедно со други девијантни појави, како мачоизам, хулиганство, општа колективна агресија.

Поради тој ментален и културолошки калап, девојките и жените сѐ уште не се чувствуваат безбедни во своето секојдневно опкружување.

Сѐ уште владее страв кај секоја девојка и жена, дури и во одминати години, кога поминува покрај некои разјарени, гласни момци кои довикуваат, го заземаат сиот јавен простор, страв дека во секој момент нешто непријатно може да ѝ се случи.

И „најситните“ мизогини практики предизвикуваат трагедија како онаа што ја посведочивме денеска.

Овој пат видео записот го спречи колективот да го сврти погледот од насилие кое, ако си признаеме, и пречесто се случува во нашето опкружување.

Но, залудни се осудите, ако заедницата, но и секој индивидуалец, конечно не преземе конкретни чекори за спречување на повторувањето на злодела како денеска посведоченото.

Женомразачките практики длабоко всадени во традицијата и културата треба да ги препознаваме, да зборуваме за нив и за важноста на нивното искоренување.

Воопшто не се безопасни поговорките, обичаите, шегите кои инсинуираат насилство и понижување.
Воопшто не се за занемарување лошите зборови и постапки кои секојдневно ги сведочиме.

Колективот мора конечно да се освести, да ги осознае своите грешки и да ги отфрли штетните мизогини практики за посведочениот насилнички чин да не се повтори.

Фејсбук пост на Кристина Костова.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Според СДСМ „Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, така ќе биде и со Скопје“, Мицкоски вели Орце води на анкетите со петпати поголема разлика

July 6, 2025

Мицкоски наметнува културолошки војни за да го раскара народот

July 6, 2025

(ВИДЕО) Орце Ѓорѓиевски кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ

July 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мицкоски е виновен за отворање на дебатата за македонскиот јазик во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ на седница на ИК ќе утврдува нови кандидати за градоначалници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk