ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

„Празната болница“ во Болоња не била празна, а Исланд не ги тестирал сите жители

Српскиот сервис за борба против лажните вести „FakeNews Tragač“ се впуштил во потрага по вистината за видео снимката од болницата „Сант Орсола“ во Болоња, која интензивно се ширеше деновиве на социјалните мрежи. На неа една жена на српски јазик кажува дека ситуацијата во Италија „воопшто не е алармантна“ и дека луѓето „направиле поголема паника од ситуацијата“. Жената на снимката вели дека „болниците се полни, болни има многу, а тука се сите соби празни“.

April 2, 2020 09:24
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до Грција на југ.

Српскиот сервис за борба против лажните вести „FakeNews Tragač“ се впуштил во потрага по вистината за видео снимката од болницата „Сант Орсола“ во Болоња, која интензивно се ширеше деновиве на социјалните мрежи. На неа една жена на српски јазик кажува дека ситуацијата во Италија „воопшто не е алармантна“ и дека луѓето „направиле поголема паника од ситуацијата“. Жената на снимката вели дека „болниците се полни, болни има многу, а тука се сите соби празни“.

„FakeNews Tragač“ контактирал со персонал од клиничката болница и добил информација дека ситуацијата на снимката не се однесува на сите оддели во „Сант Орсола“.

Алберто Амедео, хирург во „Сант Орсола“ изјавил дека на видеоснимката навистина се гледа дел од неговата болница, но дека само одредени делови се празни.

– Одредени делови на болницата се празни, бидејќи операциите моментално се вршат само во итни случаи и ситуации кога е некој животно загрозен – изјавил хирургот за српскиот сервис за борба против лажните вести.

Амедео исто така објаснил дека ситуацијата во Болоња не е апокалиптична, но дека е сериозна, и постои сериозна можност да се влоши.

– Иако не е точно дека луѓето умираат во ходници, барем не тука во Болоња, одделенијата за инфективни болести, како што е моето, се полни, но и многу други се претворени во Ковид-19 одделенија – вели хирургот во изјава за „FakeNews Tragač“.

Овој сервис посочува и на фотографиите на Фејсбук-страницата на поликлиниката „Сант Орсола“ на кои може да се види реалната ситуација.

Босанско-херцеговскиот сервис за борба против лажните вести „Raskrinkavanje.ba“, пак го проверил пишувањето на поголем број онлајн медиуми од српско-хрватското говорно подрачје дека Исланд ги тестирал сите граѓани за новиот корона вирус. Но иако во оваа оддалечена земја се тестирани поголем процент на население отколку во која било друга земја, таквото тврдење на медиумите не е основано, пишува сервисот за борба против лажните вести.

Како аргументи на своето тврдење тој наведува дека освен изнесување на таквото тврдење во насловите на анализираните текстови, во самите текстови не се кажувало дека се тестирани сите, односно се наведувало дека се оди кон се поголема бројка тестирани.

Како уште еден аргумент за прогласување на ваквите текстови за дезинформирачки, „Raskrinkavanje.ba“ ги наведува податоците од официјалниот веб-сајт за состојбата со новиот корона вирус на Исланд – Covid.is, до 30 март биле тестирани преку 16.000 лица, а Исланд моментално има 340.000 жители.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

„Киберпанк: Надежта е револуција“ – Настан што симулира опстанок во дистопија, инспириран од суровата реалност

May 9, 2025

Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

May 9, 2025

В недела посебен режим на сообраќај во Скопје

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Почина лицето на кое беше пукано во Штип, убиецот е уапсен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk