На социјалните медиуми денес се појави видео со вознемирувачка содржина. На видео клипот кој веќе е повлечен од социјалните мрежи, се гледа како двајца насилници од Штип буквално шутираат девојче кое лежи стуткано во агол. Тие ја тепаат девојката која ја обвинуваат дека излажала дека е бремена. На видеото се слушаат силни удари, а жрвтата ги моли напаѓачите да престанат.
Претпоставките што потоа се појавија на социјалните мрежи за кои извести и Фронтлајн, а кои насочуваа дека видеото е снимено пред 3-4 години, спореде изјавата од девојката, се покажаа како неточни.
Почнаа да ме тепаат од кај “Тоше” па ме однесоа во зградата… Тоше знае каква бев, лом#Штип pic.twitter.com/fZ1F6asPMT
— FurKlan (@FurkanSaliu) April 2, 2020
Девојката, изјавува дека настанот се случил пред два месеци. Таа вели дека била тепана на две различни локации и ги посочува имињата на насилниците што ја тепале. Случајот до денеска не го пријавила во полиција зашто добивала закани и била исплашена.
Полицијата ги идентификуваше двајцата насилници и ги уапси. Во соопштението од МВР се виле:
„Во врска со видеото кое утрово се споделува на социјалните мрежи, ја информираме јавноста дека од страна на Секторот за внатрешни работи Штип преземени се мерки за утврдување на идентитетот на лицата и тие се лишени од слобода. Станува збор за С.А и П.Р.“
Ј. Ѓорѓиоски