ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска: Најбрзо ги очекуваме средствата од ММФ, а останатите кон крајот на април и почетокот на мај

Зборуваме со Светска банка, а и вицепремиерот за европски прашања соопшти дека и од Европската унија добиваме одредена помош, онаа награда од 50 милиони евра, потоа заем до еврообврзница. Најбрзите средства што ги очекуваме се од Меѓународниот монетарен фонд, а потоа од сите останати до почетокот на мај или крајот на април.

April 3, 2020 10:41
in ЕКОНОМИЈА, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Најбрзо ќе стигнат средствата од Меѓународниот монетарен фонд од странските ликвидносни инјекции, кои се очекува најверојатно да дојдат во текот на месецов, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска во интервју за „Утрински брифинг“.

Посочи дека ќе се користат средства и од Светската банка, Европската унија, како и од обврзницата за премостување. Овие средства, како што рече, ќе се користат повеќе месеци согласно потребите за вбризгување во стопанството, а ќе се носат и нови мерки.

– Зборуваме со Светска банка, а и вицепремиерот за европски прашања соопшти дека и од Европската унија добиваме одредена помош, онаа награда од 50 милиони евра, потоа заем до еврообврзница. Најбрзите средства што ги очекуваме се од Меѓународниот монетарен фонд, а потоа од сите останати до почетокот на мај или крајот на април. Овие средства не се само за еден месец, овие средства се доволни за да функционираме следните месеци зависно од тоа колку ќе бидат потребни пари за вбризгување на ликвидност во економијата. Ова се првите мерки што се презентирани, понатаму ќе ја следиме состојбата, ќе видиме како ќе биде искористувањето и одвивањето на настаните, за да повлекуваме и други чекори кои ќе бидат потребни, истакна Ангеловска.  

Најави дека на некоја следна владина седница треба да помине писмото за намери кон ММФ, кое е потпишано и од дополнителната заменик министерка.

Ангеловска посочи дека годинава по основ на надворешен долг доспеваат за исплата 440 милиони евра, додека планот на домашниот пазар на хартии од вредност е да се издадат хартии од вредност во износ од 450 милиони евра, од кои дел се презапишуваат за враќање на стари обврски, а нето задолжувањето е планирано на нето од 200 милиони евра.

– Дел  од тие стари долгови од 440 милиони се веќе вратени – поголемиот дел во јануари, додека другиот дел доспева во декември, на крајот на годината, што е на некој начин поволно бидејќи немаме дополнително потреба за враќање на стари долгови во следните два квартали, оцени Ангеловска.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Почина Ози Озборн, фронтменот на Black Sabbath

July 22, 2025

Собранието го донесе Ребалансот на буџетот: Според опозицијата е скроен како предизборен поткуп, власта вели ќе обезбеди економски раст

July 22, 2025

Министерката Кочоска вели со ребалансот немало да се финансираат кампањи, туку проекти

July 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јачева-Улчар за предлогот од Милошоски: Потенцијална стапица под маската на европското решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Театарот на Мицкоски за „внатрешни непријатели“ е обид да се сокрие вистината за бугарските пасоши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk