ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Отворени три нови телефонски броеви за психолошка поддршка

На телефонските броеви, како што соопштија, одговараат стручни лица, психијатри од Клиниката.

April 3, 2020 09:46
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА

Во соработка со Клиниката за психијатрија отворени се уште три нови телефонски броеви за психолошка поддршка за трудниците и родилките, лицата со нарушување на слухот, говорот и гласот, како и психолошка поддршка за лица во самоизолација на албански јазик во периодот со справувањето со Ковид-19 во земјава, соопшти Министерството за здравство.

На телефонските броеви, како што соопштија, одговараат стручни лица, психијатри од Клиниката.

Трудниците и родилките на кои им е потребна психолошка поддршка можат да се советуваат на телефонскиот број 078/378-766 во периодот од 9 до 16 часот. Лицата со нарушување на слухот, говорот и гласот можат да се советуваат на 072/919-009  во периодот од 9 до 16 часот на овој телефонски број преку апликацијата „Вибер“. Овозможена е и поддршка за лица во самоизолација на албански јазик на 070/291-657 од 9 до 16 часот.

Од Министерството потсетуваат дека функционираат и останатите телефонски броеви за психолошка поддршка. Родителите на деца на предучилишна возраст и училишна возраст можат да се јавуваат на телефонскиот број 072/912-676. Возрасните лица кои се во самоизолација можат да се јавуваат за психолошка поддршка на 072/919-009.

– Телефонскиот контакт на возрасните лица во самозиолација и лицата со нарушен слух, говор и глас е ист, меѓутоа комуникацијата за вторите лица е исклучиво преку „Вибер“ апликацијата, се вели во соопштението.

Во соработка со УНИЦЕФ и во партнерство со Универзитетската клиника за психијатрија, додаваат од Министерството, отворени се дополнителни линии за психолошка поддршка наменети за родители и самите деца на училишна возраст, секој работен ден од 9 до 16 часот. За тинејџери и нивните родители на телефонскиот број 078/378-728 и за родители на деца со попреченост на 070/291-574.

– Грижата за психичкото здравје е исто толку важно како и грижата за физичкото здравје во услови на пандемија со коронавирус, додаваат во соопштението.

Next Post

Манчевски и Хан потпишаа европски договор за дигитализација на администрацијата со програмата ИСА2

НАЈНОВО

Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Османи: Продолжуваат манипулациите на ВЛЕН за наводна моја средба со Груевски

September 2, 2025
Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

September 2, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двегодишна затворска казна за напаѓачот на Данела Арсовска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Аманда Сејфрид ја позајми облеката на Џулија Робертс за Филмскиот фестивал во Венеција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манчестер сити го објави трансферот на Донарума

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk