ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

СДСМ: Граѓаните што останале без работа, ќе земаат 50% од просечната плата

Лицата од неформалната економија кои останале без приходи се обезбедуваат по 7000 денари помош од државата за месеците април и мај. Со оваа мерка ќе бидат опфатени 20.000 нови домаќинства, кои веднаш ќе влезат во системот на социјална заштита, како и 30.000 веќе постоечки корисници

April 3, 2020 08:44
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Корона вирусот комплетно го промени начинот на кој фунцкионира светот и никој не е поштеден. И нашата земја како дел од глобалната криза која го зафати светот, покрај здравствените се соочува и со економски предизвици, велат од СДСМ.

Тие додаваат дека Владата на Република Северна Македонија со вториот сет на економски мерки, вреден 200 милиони евра, има јасна цел за да се ублажи економскиот удар од коронавирусот.

-Со цел да се зачуваат што повеќе работни места, Владата предводена од СДСМ, обезбедува директна помош во исплата на месечен приход-плата за месеците април и мај при што опфатени се околу 250.000 работници и околу 35.000 компании, кои имаат директна штета од коронавирусот.Истовремено, Владата донесе и одлука за забрана за нови вработувања и нови ангажирања во јавниот сектор. Донесена е и одлука, сите средства од заштеда од непродуктивните трошоци да се пренаменат за справување со здравствено-економската криза. За спортските работници вработени во спортските здруженија, како и самостојните уметници е обезбедена минимална плата од 14.500 денари за месеците април и мај, како и придонеси преку Министерството за култура, велат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека граѓаните што останале без работа ќе земаат 50% од просечната плата што ја имале кога биле вработени.

-Додека пак, лицата од неформалната економија кои останале без приходи се обезбедуваат по 7000 денари помош од државата за месеците април и мај. Со оваа мерка ќе бидат опфатени 20.000 нови домаќинства, кои веднаш ќе влезат во системот на социјална заштита, како и 30.000 веќе постоечки корисници. Ова е тежок период за сите нас, но само заедно, сплотени и солидарни можеме да ја победиме оваа криза. За таа цел се формира и солидарен фонд за помагање на здравјето на граѓаните и други социјални потреби на граѓаните.СДСМ покажа како преку исправни политики, истрајност и посветеност се рушат сите бариери и се постигнуваат зацртаните цели. Затоа веруваме дека сите заедно и овој пат ќе успееме да се избориме и со здравствената и со економската криза!, велат од партијата.

Next Post

Повторно пад на цените на нафтата

Најново

ЦИВИЛ по повод Светскиот ден на слободата на медиумите: Без независност нема слобода – време е да се признае медиумското заробување

May 3, 2026

СДСМ обвинува за „тајни средби“ со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со етикети дека опозицијата е во „паника и без стратегија“

May 2, 2026
Колаж од најави за настан во Градски Парк, Скопје, на 9 мај 2026 (фото извор: ФБ страница на ЕУ Делегација во Скопје)

Скопје со активности во знакот на Европа

May 2, 2026

Пекинг се закани со контрамерки доколку ЕУ ги ограничи кинеските компании на европскиот пазар

May 2, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп со Анаис за 2 и 3 мај: Моќта на интуицијата и тајните на Шкорпија

May 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk