Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, иако секојдневно апелира преку медиумите за итноста и сериозноста на епидемијата од корона вирус кај нас, и манифестира загриженост за состојбата, беше уловен како оди во теретана, иако една од мерките на Владата е да не работат ваквите објекти.
Во соопштението истакнато пред теретаната стои дека, според препораките на министерството за здравство, нема да работи во петок. Сепак, Мицкоски беше снимен како излегува од објектот со уште едно лице и со голема торба.
Во видеото кое се прошири по социјалните мрежи, Мицкоски уште еднаш потврдува дека не се грижи за безбедноста на околината, иако се залага за посветеност и меѓусебна грижа во ваквите кризни периоди.
А. Н. С