ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Влегуваме во нова фаза на менаџирање на целокупниот процес со пандемијата од Ковид-19

April 5, 2020 14:26
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Се наоѓаме во критичниот момент со очекуван раст на бројот на дијагностицирани заболени од Ковид-19 и имајќи предвид дека одиме кон пикот во следните неколку недели влегуваме во нова фаза на менаџирање на цеолкупниот процес. Доколку ситуацијата отиде во полоша состојба ќе предложиме и други мерки што ќе значат зголемување на рестриктивноста, најави министерот за здравство Венко Филипче.

Тој додаде дека досега имало многу разговори дали да се примени некој друг начин на справување со пандемијата, но заклучиле дека е подобро да се продолжи со сегашниот начин со додавање на некои допонителни мерки меѓу кои и апликација што ќе им помогне на инфектолозите полесно да ги следат контактите што ги имале заразените.

На денешната видео средба со новинарите, Филипче најави дека од денеска и болницата „8 Септември“ е подготвена  за дијагностицирање и лечење на забоелни од Ковид-19 и дека на располагање ќе бидат нови 400 болнички кревети,што ги нуди болницата. Каде ќе бидат сместени заболените ќе се одлучува во координација со директорката на Клиниката за инфектологија.

Како нов регионален центар за справување со пандемијата ја посочи болницата во Битола каде, како што кажа, во моментво има 35 кревети на располагање кои можат да се зголемат до 100. Во преговори сме, додаде,и со лабораторијата на МАНУ за дијагностицирање на заболени од Ковид-19 и за користење на нивната апаратура. -Верувам дека и тие ќе бидат вклучени наскоро, рече Филипче.

Најави дека сите јавни здравствени установи во земјава имаат доволно заштитна опрема. Имаме сосема солидни резерви, а во текот на неделава ќе ги дополниме. Имаме, посочи, заштитна опрема што секаде се корсти, а за жал секаде во светот има заразени доктори, некаде и починати.

Прецизира дека неделава ќе се врши набавка на респиратори, а главниот критериум ќе биде брзината на испорака. На сметката на Министерството за здравство, како што кажа, има донации од 500.000 евра од домашни компани, а има и донации на медицински апарати и големи количини на заштитна опрема од околу еден милион парчиња, како и донирани  возила кои им се доделуваат на центрите за јавно здравје.

Министерот за информатичко општество и адинистрација Дамјан Манчевски прецизира дека апликацијата за следење на луѓето кои имале контакти со заболени лица ќе биде активирана следната недела. Таа во исто време ќе гарантира безбедност на личните податоци на граѓаните кои доброволно ќе треба да ја симнат на своите мобилни телефони.

Откако граѓанинот ќе ја симне апликацијата ќе му биде доделен број кој нема врска со бројот на неговиот мобилен телефон или со матичниот број. Преку тој број ќе се следат контактите што ги имал со други лица кои имаат симнато апликација на своите мобилни телефони на кои им се приближил на помалку од два метра. За да функционира апликацијата цело време ќе треба да биде вклучен блутут. По 14 дена податоците автоматски ќе се бришат од уредот и воопшто нема да бидат преземени во друг уред, а единствено ќе се преземаат во серверот на инфектолозите доколку имателот на апликацијата се заболи од Ковид-19 за полесно да се следат контактите што ги имал со другите лица.

Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски посочи дека консензусот на целата комисија е на многу високо ниво и нема драстични разлики, а решенијата се носат на дневна основа. Во досегашното менаџирање на спроведувањето на тестирањето, како што кажа, сме едни од најдобро екипираните и организирани во моементов, затоа што по бројот на направени тестови сме втора земја. Пред нас е Словенија. Навлезени сме во золемен број заболени лица, а врвот се очекув во следните две до три недели.

Комисијата за заразни болести, рече, има и други мерки на располагање, кои доколку ситуацијата отиде во полоша состојба и додаде дека се подготвени да предложат и други мерки што ќе значат зголемување на рестриктивноста. Додаде дека не е се исцрпени меките што им стојат на распоалгање.

Директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ истакна дека кај нив се хоспитализирани 74 лица  и дека се приближуваат до пополнување на капацитетите. Мобилната болница, додаде, ќе ни помогне во дополнување на потребите од хоспитализација и веќе се во функција тимови од колеги интернисти кои ќе бидат од голема помош и тие од утре почнуваат.

Денеска, како што кажа, се примени нови шест лица од кои еден на жалост почина неколку часа по приемот. Вчера е примено две годишно дете, кое е стабилно.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Општински кризен штаб во Кочани бара дополнителни ограничувања како во Куманово

НАЈНОВО

Филипче од Свети Николе: СДСМ се бори Македонија да биде дом за сите, а не приватен имот на власта

October 4, 2025

Мицкоски од Куманово: Направете вистински избор – гласајте за Максим Димириевски

October 4, 2025

Мицкоски: Црвените линии на Венко се тројанскиот коњ, Бојко зборуваше дека дал пари, сега што ли е во игра?

October 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ја повлече номинацијата на Марк Брновиќ за амбасадор во Србија, тој обвинува за „длабока држава“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • В недела привремен режим на сообраќај за време на Виз Ер Скопски маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андоновски ја претстави новата апликација m.Uslugi – ќе ги содржи сите услуги кои државата ги нуди на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk