ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Општински кризен штаб во Кочани бара дополнителни ограничувања како во Куманово

April 5, 2020 14:36
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Новите шест случаи на лица од Кочани заразени од коронавирусот беа повод градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев да свика итна седница на Општинскиот кризен штаб.

„Кризниот штаб побара да упатиме писмено барање до надлежните, во Кочани да се спроведат мерките што важат и за Куманово, од понеделник до петок забраната за движење да трае од 16 ч. до 5 ч. Утре ќе побараме од јавниот сектор во целата општина да го искористи до 31 мај остатокот од годишниот одмор за 2019 и првиот дел од 2020 година, онака како што препорача и Владата. Упатуваме апел до сите продажни места, маркети, банки, подобро да ги организираат своите услуги, за да се ограничат можностите за контакт и ширење на коронавирусот “соопшти градоначалникот Илијев.

Според информациите на стручните служби, во моментот во Кочани се евидентирани три жаришта на заразени од КОВИД-19, од кои едно е во Зрновци. Од нив, во последните 10 дена имало постојано активни лица. Ризикот за ширење на болеста е голем, бидејќи сите луѓе што контактирале со нив се потенцијални пренесувачи на вирусот. Полициските служби ригорозно постапуваат според решенијата за здравствен надзор и изолација.

Центарот за јавно здравје – Кочани очекува резултати за 60-ина тестови и најавува дека бројот на заразени лица ќе расте рапидно. Паралелно, продолжува со идентификација на контактите со заразените за да може да се постапува соодветно.

Матичните лекари во Кочани уште еднаш потенцираа дека изолацијата на критичните случаи е пресудна, повикаа да нема жигосување и навредливи пораки до заразените лица. Апелираа дека нема ништо срамно во тоа токму заразените, самите јавно да го соопштат тоа, за да знае секој што доаѓал во контакт со нив, како да се однесува понатаму.

Next Post

Писмо од Бранимир Камбер: Фала ти короно

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk