СИЈАРТО: Ѝ честитам на Северна Македонија што минатата недела доби согласност за започнување на преговорите со ЕУ и што станавте 30-та членка на НАТО. Ние во Европскиот совет ќе се обидеме да издејствуваме најдоцна до мај да ја затвориме рамката за преговорите и најдоцна во јуни да започнеме со самите преговори.
СВЕШТЕНИЦИТЕ од православниот храм Света Троица од охридско, преку Фејсбук пост ги повикуваат верниците за време на Велигден да се соберат во црквите.
КОМЕНТАР на Јане Ѓорѓиоски: Браќа и сестри свештеници, што правите?
ВЛАДАТА на Република Северна Македонија денес го пушти во употреба првиот контакт центар наменет за поддршка на бизнисот и граѓаните во врска со економските прашања во услови на справување со кризата предизвикана од КОВИД-19.
АМЕРИКАНСКАТА Влада издвои 1.1 милион долари помош за Северна Македонија во борбата и спречувањето на ширењето на заразата Ковид-19.
ГОРИВАТА од ноќеска на полноќ поевтинуваат од половина до 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
ПЕНДАРОВСКИ: НАТО е предуслов за развој. Ако имате гарантирани граници, безбедност и територијален интегритет, во секоја друга област можете да напредувате бидејќи ги имате сите други предуслови.
ПАНДЕМИЈАТА на новиот корона вирус е историска пресвртна точка што би можела да одлучи за опстанок или пропаѓање на европскиот проект, изјави еден од авторите на отвореното писмо до европските економисти за поддршка на еврообврзниците.
ГЕРМАНИЈА подготви список на мерки, вклучително и носење маски, ограничување на собирање луѓе на јавни места и брзо следење на контролата на ширење на заразата.