Спасовски: Велигденските и Рамазанските празници ќе ги поминеме дома. Тој истакна дека фазата во која влегуваме е нова – радикална фаза и за здравствените работници и за економијата и за граѓаните. Премиерот порача дека само заедно можеме да ја намалиме силата на епидемијата и дека ние како земја го немаме поминато најлошото. Во следните 2-3 недели ќе го достигнеме пикот кој ќе биде околу 2000 или 2500 заразени. Заканата е страшна затоа и нашето делување мора да биде радикално, потенцира Спасовски.
Филипче: 15 новодијагностицирани, двајца починати, вкупно 570 заразени со Ковид 19. „Едниот пациент е на возраст од 40 години. Двајцата пациенти се од Тетово, едниот на 69-годишна возраст, другиот имал 65 години. На домашно лекување заминуваат 4 пациенти, а 10 се со тешка клиничка слика“, изјави Филипче.
Дијагностициран корона вирус кај 18 деца до 9 години. -Постои целосно изолирана патека за родилките кои се позитивни на корона вирусот. Целосно се опремени лекарите и медицинските сестри, се тестираат оние од персоналот кај кои има симптоми, рече Филипче.
Филипче: Не е исклучена тешка клиничка слика и кај помладите пациенти. Во однос на тестирањата повтори дека земјава има направено огромен број на тестови на милион жители и оти пристапот на тестирање што сега се применува дава добри резултати.
Уште 14 дена самоизолација за граѓаните по државниот карантин. Одлуката на Владата за државниот карантин е една од најисправните одлуки во справувањето заради тоа што на тој начин придонесуваме да се прекине ширењерто на вирусот и не ги ставаме во ризик ниту оние луѓе кои допатувале од ризични држави, ниту граѓаните што се наоѓаат во нашата земја. Затоа се определија центрите за државен карантин, појасни премиерот Спасовски.
Д-р Микиќ: Рестриктивните мерки се неопходни.
Спасовски: Имаме уште мерки, ама граѓаните да не постапуваат неодговорно за да видат дали ги има! Спасовски додаде дека е многу важно сите луѓе кои ќе почувствуваат било какви симптоми и кога ќе одат и комуницираат со лекар, да бидат многу искрени.
МНР: Македонски граѓани вратени со лет од Лондон и со конвој од БиХ и Црна Гора. Министерството информира и дека денеска се организира четврти по ред хуманитарен конвој, овојпат од Босна и Херцеговина и Црна Гора, со што во земјава ќе се вратат вкупно 64 македонски граѓани со 19 возила.
МЗШВ: Земјоделците ќе можат да работат во атарот на своето село, други ќе мора да вадат дозволи за движење.
Волфганг Ресман: Борбата против лажните вести е тешка задача.