ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Болницата „8-ми Септември“во функција за справување со ширењето на Ковид -19

Во зависност од потребите во болницата, ќе се врши реорганизација на просторот и кадарот, а преку Тријажниот центар се прифаќаат пациентите.

April 6, 2020 18:22
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Капацитетите на Градската општа болница „8-ми Септември“ се ставени во функција за потребите во справување со ширењето на инфекцијата на корона вирусот Ковид-19.

Како што денеска соопшти владиниот Сектор за односи со јавноста, болницата, која досега беше наменета за пациенти, што беа сомнителни или позитивни на коронавирусот, а им беше потребна друга здравствена услуга како интервенција – хируршка или во ангеографска сала или ендоскопска, врз основа на препораките на Главниот координативен кризен штаб за справување со КОВИД-19, во зависност од потребите ќе врши внатрешна прераспределба на материјалните капацитети и персоналот.

Во зависност од потребите во болницата, ќе се врши реорганизација на просторот и кадарот, а преку Тријажниот центар се прифаќаат пациентите.

Третина од капацитетот на болницата, потсетуваат во соопштението, во моментов е наменет за карантински оддел  со соодветни операциони сали и неопходна опрема за хируршки интервенции на сомнителни на Ковид -19 пациенти.

– Врз основа на воспоставени протоколи при приемот во болницата „8-ми Септември“ на лица кои се во животозагрозувачка состојба, тие ќе се третираат како позитивни на Ковид-19, по што веднаш им се прави потребната интервенција и соодветно ќе бидат згрижени. Пациентите, кои не се во животозагрозувачка состојба, а воедно се третираат како сомнителни на Ковид-19, ќе бидат изолирани во болницата до добивањето на резултатите на тестот на коронавирусот, стои во соопштението.

Од „8-ми Септември“ наведуваат дека будно ја следат актуелната состојба со ширењето на Ковид-19 и болницата е подготвена да се организира и соодветно да функционира според потребите на пациентите и дадената ситуација.

Next Post

Смилков: Заев 15 години ја донира платата, а Мицкоски донираше 30.000 евра за ДПМНЕ и нула денари за граѓаните

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk