Италијанскиот уметник Александро Паломбо покрена нова кампања посветена на сите жени кои трпат насилство во текот на пандемијата на корона вирусот, под називот „Борба за живот“.Уметникот за потребите на кампањата искористи фотографии од Лиса Еделстрин, Ева Лонгорија, Оливија Вајлс, Тери Хачер и уште една ѕвезда од „Очајни домаќинки“, Марша Крос.
Целта на кампањата е да ја подигне свеста за жените кои моментално трпат семејно насилство и ги преживуваат најлошите денови во својот живот во текот на пандемијата на коронавирусот кога се затворени дома со насилникот.

Кампањата на Паломбо има за цел да ги покаже двете најголеми битки кои жените во моментот ги водат – од една страна, докторките и медицинските сестри се борат на еден фронт, а оние другите жени затворени во домот губат на друг фронт. И едната и другата страна се борат за живот.
– Доколку слушнете врисок или тепање кое доаѓа од некој од соседните станови, не смеете да молчиме. Молчењето ве прави соучесници.