ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Браќа и сестри свештеници од Света Троица, што правите?

April 6, 2020 13:37
in ESPRESSO, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

коментира: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Се сеќавате ли на покадувањето со темјан од возило во движење, кога неколку православни свештеници во повеќе градови низ Македонија се обидуваа да го попрскаат корона вирусот со света вода и му фрлаа анатеми?

Свештениците во таа прилика истакнаа – Покадивме секаде низ градот. Опфативме доста улици. Темјанот да покади секаде. Попрскавме со крстена вода. Секако дека веруваме дека тоа ќе помогне. Ако не веруваме, нема да го правиме, велеа свештениците.

И свештенството од  црквата Света Троица тие денови имале слична мисија на покадување:

– Денеска во 15:30 часот моштите од црквата Света Троица со возило беа изнесени по улиците на нашата парохија до селото Велгошти и се вратија повторно во црквата Света Троица за да се помолиме со Божјите светии за заштита од несаканите вируси и зарази.

Носење на моштите од црквата Света Троица низ населба Радојца Новичиќ

Тогаш на овие верски манифестации имаше различни реакции, различни толкувања во зависност од убедувањата. На некои им беше симпатично, на други смешно, на трети разочарувачки, но имаше и луѓе кои искрено веруваа дека и тие верски обреди помагаат. И сè тоа, без разлика на некому му се допаѓало или не, со еден збор заокружено беше неопасно.

Ситуацијата со корона вирусот во нашата држава зема се поголем замав. Експертите велат, не сме го достигнале пикот. а се очекува тоа да биде кон крајот на месец април. Мерките на претпазливост, забрани за движења секакви рестрикции на групирања, даваат резултати за сето тоа да не ескалира како во други земји каде што излезе кризата од контрола. И покрај сето тоа „проклетијата“ секој ден зема данок во крв и не признава нит верска нит каква и да е друга различност. Темјанот, молитвите и светата вода, очигледно не си ја завршуваат работата.

Се ближи најголемиот христијански празник Велигден. Христијанските верници се припремаат да го слават Христовото воскресение. Повеќето верски храмови во светот се празни, но не се затворени.

Папата Франциско се моли сам пред празниот плоштад Свети Петар во Ватикан.

Incredible scene right now: Pope Francis praying in the middle of an empty St. Peter’s Square. pic.twitter.com/a7VJvO2VHZ

— Chico Harlan (@chicoharlan) March 27, 2020

Во една ваква ситуација, кога во овој момент има повеќе од 1.2 милиони заболени во цел свет и повеќе од 70.000 смртни случаи од Ковид-19, кога Дебар и Куманово се во „карантин“, кога светот е на пауза, кога ништо не функционира нормално како порано, тие – свештенството од црквата Света Троица, од охридско, преку Фејсбук пост ги повикуваат верниците да излезат за Велигден и масовно да ги посетат верските храмови:

Фејсбук пост на профилот од црквата Света Троица

„Браќа и сестри Православни Христијани!

На ден 18.04.2020 година во 23:30 часот да бидите сите во Црквите во вашата парохија и во 00:00 да го дочекаме Христовото Воскресение како што ни доликува со молитва и со причестна.

А не по балкони, и по дворови.

Црквата сеуште нема забрана за богослужба, така да сите богослужби остануваат како што се востановени во типикот, но доколку има промени во времето за богослужење нахнадно ќе известиме.

Мир и благослов од Христа Бога за вас и вашите ближни.“, пишува во постот на Сета Троица.

Велат, дојдете во храмовите, не седете по балкони и дворови.

Пристојноста и агностичката убеденост ми вели да се воздржам. Сè друго ми вели дека овие свештеници од Света Троица што повикуваат на масовно посетување на божјите храмови, во ова време-невреме кога сиот здраворазумен (па и божји) свет вика никакви собирања, заслужуваат да ги наредам со сиот прилепски вокабуларен арсенал со кој располагам.

Свештениците со овој повик всушност велат – дојдете да се испозаразите, дојдете сите заедно да закачите вирус, да умрете, да ги умрете вашите најблиски и сите околу вас: верници, неверници и тие помеѓу.

Надлежните мора да реагираат на вакво самоволие и директен повик од институција (па била и црковна), која може да предизвика штета по здравјето и животот на сите, а не само на присутните во храмот.

Јас, еве ќе се воздржам од други реакција.

Седи дома!

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Немири во Лос Анџелес. Фото: Скриншот

Градоначалничката на Лос Анџелес демантира распоредување на Националната гарда во градот

June 8, 2025
Немири во Лос Анџелес. Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Немири во Лос Анџелес: Трамп ја испрати Националната гарда против демонстрантите

June 8, 2025

НАСА и Пентагон бараат алтернативи за СпејсИкс поради конфликтот меѓу Трамп и Маск

June 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Норвешки доктор осуден за силување десетици пациентки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk