ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Волфганг Ресман: Борбата против лажните вести е тешка задача

ЦИВИЛ МЕДИА разговара со д-р Волфганг Ресман, генерален директор на ОК ТВ во Лудвигсхафен, Германија и претседател на Федералната асоцијација на јавни медиуми, како и претседател на мрежата Младите за медиумите (Youth4Media-Network).

April 6, 2020 16:26
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ МЕДИА разговара со д-р Волфганг Ресман, генерален директор на ОК ТВ во Лудвигсхафен, Германија и претседател на Федералната асоцијација на јавни медиуми, како и претседател на мрежата Младите за медиумите (Youth4Media-Network).

ЦИВИЛ МЕДИА: Тоа е прилично долг список на работни позиции и задачи, но би рекол дека во поголем дел се поврзани со корпус на теми поврзани со демократијата и човековите права, прашања кои моментално се многу важни, особено зборувајќи за пандемијата на корона вирусот. Волфганг, би сакал да се осврнам на едно писмо што го прочитав од Вас вчера што го споделивте со мене. Писмо во кое Вие предупредувате за ризикот по човековите права и демократијата во време на мерки, вонредни состојби и различни видови на дејствувања што различни влади ио преземаат низ Европа, а секако и низ светот. Би споделиле ли со нашата и меѓународната јавност, секако, кои се предизвиците околу човековите права деновиве, кога имаме вонредни состојби низ целиот свет, кога владите преземаат повеќе моќ во свои раце?

РЕСМАН: Да, го имаме проблемот со корона вирусот. Но, овие проблеми ги имавме и претходно. Го имаме проблемот на де-демократизација во многу земји. Десничарскиот популизам е проблем. Во Европска Унија имаме еден феномен во многу земји, особено во Полска со нивната ПиС-влада (Prawo i Sprawiedliwość – Право и Правда, десничарска партија на власт во Полска, н.з.) и во Унгарија под Орбан, во комбинација со кризата со вирусот и во сите други земји на Западниот свет.

Човековите права, политичките права, во оваа криза одат надолу. Моментално, не смееме директно да комуницираме со лица на блиско растојание итн. Во услови на криза со вирус, сметам дека е неопходно да се заштитат луѓето, да се заштити животот, но мора да го искористиме ова време на корона вирус, исто така, за да размислиме колку овие политички и човекови права се неопходни, да се осврнеме на нив и да не се откажеме од нив. А после кризата, некој десничарски популист може да каже, добро, не ни се потребни овие демократски права, гледате, се функционира и без нив. Така што, тоа е опасност и во главите на луѓето.

ЦИВИЛ МЕДИА: Точно. Дојче Веле објави дека Брисел испрати предупредувачки сигнали на унгарскиот премиер дека зголемената моќ не смее да се користи или злоупотребува, како изговор дека неговата влада се бори против коронавирусот. Како ја коментирате состојбата во Унгарија, особено во услови на коронавирусот, борбата и предизвиците?

РЕСМАН: Според мене, владата на Орбан и самиот Орбан не се компатибилни со европските стандарди и европската заедница. Планот на Орбан да ја води владата со декрети без парламент повеќе од една година е апсолутно неприфатливо и нема никаква врска со коронавирусот. Ова е тест со кој ќе може да се утврди како демократијата може да биде укината. Вирусот е инструмент и мислам дека ова е навистина тежок развој на ситуацијата во Унгарија, меѓу земјите на ЕУ. Мора да му кажеме не на Орбан и се надевам дека Брисел, без тешки санкции, ќе каже не за ваквиот развој во Унгарија, кога Орбан нема да го повлече овој напад врз демократијата.

ЦИВИЛ МЕДИА: Доколку се согласувате со мене, зграпчување на моќта кај авторитарните влади не мора да значи дека тие можат успешно да се борат против пандемијата на коронавирусот или било кој друг предизвик во општеството. Напротив, јас би рекол дека моќта се злоупотребува или се користи за интересот на мали групи на луѓе против интересот на мнозинството, што не мора да значи дека можат да решат некоја криза или било кој друг проблем. Можеби има потреба да се направи некоја разлика помеѓу тоа што значи дисциплина и следење на совети и мерки од релевантни институции од тоа што значи „цврста рака“ и авторитаризам. Можеби треба да почнеме да зборуваме за овие две различни значења, што некогаш може да изгледаат слични едни на други.

РЕСМАН: Моето мислење е дека во време на криза треба да правиме разлика на ставовите во главите на луѓето. Еден дел сака да има силен водач на општеството, да каже што е вистинскиот пат, во смисла – ова е забрането, ова не е дозволено и вие мора да ме следите по мојот пат. Ова е една можна реакција на луѓето. Другата е демократската реакција, што значи дека е наша одговорност да се бориме против вирусот, наша одговорност е како ќе работиме со нашите соседи, како ќе држиме растојание, ова е наша сопствена одлука, не некоја што ја носи владата. Сметам дека ова е демократскиот начин, а оваа криза со вирусот е исто така шанса за демократијата. После вирусот треба да разговараме за тоа што значи демократијата во состојба на криза и како можеме да работиме со демократски правила во иднина.

ЦИВИЛ МЕДИА: Кога зборуваме за коронавирусот, брзото ширење на коронавирусот е една работа и тоа навистина загрижува, но, од друга страна се чини дека лажните вести уште побрзо се шират. Контаминацијата со лажни вести е дури и побрза и од поголем обем, а на некој начин лажните вести можат да чинат животи. Во таа смисла, дали сметате дека општествата се подготвени? Дали германското општество е подготвено да се бори со лажните вести и дезинформациите кои се шират поради различни причини, поради различни мотиви? Дали имате некои ваши размислувања за ова, како и дека можеби треба да сториме нешто повеќе како организации, како медиуми во борбата, така да се каже, со контаминацијата со лажни вести?

РЕСМАН: Да, лажните вести се проблем, бидејќи имаме пораст на социјални мрежи. Исто така, и во Германија социјалните мрежи, Фејсбук, Твитер и други, се платформи за лажни вести и нивното ширење во општеството. Ова е еден дел, што е прилично опасен. Од друга страна, во Германија го имаме силниот радио и ТВ систем што го плаќа народот и тие работат против лажните вести. Исто така, нашите весници работат против лажните вести, да дадат посебни информации за лажните вести од социјалните мрежи. Во весниците можете да прочитате, а на ТВ или радио програмите можете да слушнете вистински информации. Така, новинарите во Германија, во најголем дел, се тие што не додаваат масло на огнот и се обидуваат да ги информираат луѓето на точен начин. Тоа не значи дека сензационализмот сосема исчезнал во моментов. Но, мислам дека повеќето луѓе веруваат во информациите што ги добиваат од кредибилни медиуми и веруваат во стабилноста на демократијата во Германија. Поради тоа, луѓето се толку тивки и добро се справуваат со ситуацијата дома.

Целото интервју на ЦИВИЛ МЕДИА.

Next Post

Спасовски: Имаме уште мерки, ама граѓаните да не постапуваат неодговорно за да видат дали ги има!

Shortcut

Најново

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

October 25, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk