ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

21: Можни се и поригорозни мерки, апел за плаќање со картички, Мис Англија ја спушти круната и се вклучи во борба со пандемијата

Преглед на настаните на денот во 21 часот.

April 7, 2020 20:06
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

ВО МОМЕНТОВ ги разгледуваме статистиките, сметаме дека мерките се сосема доволни, не размислуваме за воведување карантин 14 дена, но подготвени сме да воведеме и поригорозни мерки доколку се укаже потреба за тоа, рече на денешна прес-конференција Венко Филипче.

СПОРЕД дополнителната информација од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) 45-годишен пациент од Скопје, тестиран и потврден позитивен на Ковид-19 преку Ветеринарен факултет, починал на пат кон болницата „8-ми Септември“.

ОД МАКЕДОНСКАТА банкарската асоцијација преку денешното соопштение упатија апел до граѓаните целосно да ги почитуваат насоките кои се дадени со цел преку чекањето пред филијалите и експозитурите кога тоа е неопходно да не се загрози здравјето, да се избегнува користењето готовина и при плаќања секаде каде што е можно да се користат платежните картички.

ИСТРАЖУВАЧКИОТ институт за вакцини и серуми при руската Федерална агенција за биомедицина, денеска соопшти дека неговата вакцина против новиот корона вирус се наоѓа на списокот на потенцијални вакцини, составен од Светската здравствена организација (СЗО).

ВКУПНО 91 инспекциски надзори се спроведоа во периодот 30 март-5 април: 79 во јавно-здравствени установи, 12 во приватни. Направен е увид во однос на опременоста, количината на заштитни маски, ракавици, капи, мантили за еднократна употреба, визири и калјачи, сè што се користи за пристап кон пациенти на соодветно ниво на здравствена заштита. Констатирани се доволни количини, како и средства за дезинфекција на работни површини и дезинфициенци за раце“, потенцираше министерот Филипче.

ВО СРБИЈА во изминативе 24 часа регистрирани се три нови смртни случаи, со што вкупниот број на починати се зголеми на 61 лице, јави дописникот на МИА од Белград.

МИС Англија за 2019 година, Баша Мукерџи, која по професија е лекарка, се врати во земјата каде што израснала, за да ѝ помогне во борбата против корона вирусот.

ВО ЊУЈОРК е забележан најсмртоносниот ден од почетокот на пандемијата на корoна вирусот, бидејќи се регистрирани 731 нови смртни случаи, со што вкупниот број на жртви од Ковид-19 сега изнесува 5.489.

ФРАНЦИЈА го премина прагот од 10.000 мртви од Ковид-19, со нови 607 смртни случаи во болниците и 820 во старските домови,  во последните 24 часа.

ТОМАС Милер останува во Баерн до 2023 година. Напаѓачот, чиј договор со Баварците завршуваше наредното лето, ја продолжи соработката со клубот и на „Алијанц арена“ ќе остане уште две дополнителни сезони.

ДОСКОРЕШНИТЕ војвода и војвотка од Сасекс, Меган и Хари, ги открија своите планови за формирање добротворна организација во САД со називот „Арчвел“, јави Си-ен-ен.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото, Илустрација, генерирано со ВИ

Лав избеган од зоолошка во Турција, нападна човек

July 6, 2025
Фото: МИА

Полска од полноќ воведува контроли на границата со Германија

July 6, 2025

ЦУК: Шест активни пожари на отворено до 18 часот

July 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мицкоски е виновен за отворање на дебатата за македонскиот јазик во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Според СДСМ „Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, така ќе биде и со Скопје“, Мицкоски вели Орце води на анкетите со петпати поголема разлика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk