ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Во Србија три нови смртни случаи, вкупно заразени 2.447 лица

Во изминатите 24 часа, зголемен е и бројот на тестирани до 1.074 лица, од кои регистрирани се 247 нови позитивни случаи на заразната болест.

April 7, 2020 17:28
in ПАНДЕМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Србија во изминативе 24 часа регистрирани се три нови смртни случаи, со што вкупниот број на починати се зголеми на 61 лице, јави дописникот на МИА од Белград.

Од тројцата починати лица, двајца се мажи и една жена, со што од досега починатите 44 се од машкиот пол и 17 жени, со просечна старост од 64,2 години, додека вкупната смртност во однос на заразените изнесува 2,49 отсто, изјави на денешната владина прес конференција членот на Кризниот штаб, лекарката Дарија Кисиќ.

Во изминатите 24 часа, зголемен е и бројот на тестирани со 1.074 лица, од кои регистрирани се 247 нови позитивни случаи на заразната болест, со што вкупно заразени во Србија се 2.447 лица.

Досега вкупно се хоспитализирани 1.349 пациенти, од кои 108 лица се тешки случаеви и ставени се на респиратор, кажа Кисиќ.

Вкупниот број на тестирни лица заклучно со денес во Србија изнесува 9.626 лица.

-Последните бројки говорат за извесна стабилизација на заболените, можеби и пад во неделата кога во другите земји се бележи раст на епидемијата, што говори дека сме на сигурен пат, дека сме совесни и дека сега не треба да застанеме, туку да се впрегнеме што е можно повеќе, оти она што го правиме се вистинските методи во борбата со пандемијата, кажа Кисиќ.

И епидемиологот Кон кажа дека „Србија во последните три дена доаѓа до максимум на епидемијата.“

-Доаѓаме до пикот, кој ќе треа уште десет дена, воведовме најригорозни мерки и тие мора да се спроведат, се со цел да нема контакти, оти коронавирусот во првите две недели најлесно се пренесува, кажа Кон.

На прес конференцијата повторена е одлуката на владата, со која се наложува сите заразени лица со корона вирус да мора да се да се лекуваат во болниците или во импровизивните болници (карантитни) во Белград, Ниш и Нови Сад, како и дека повеќе нема да има лекување во домашни услови за особи кои имаат лесна клиничка слика.

На белградскиот Саем, што има капацитет од 3.000 кревети досега се сместени 104 лица, на новосадскиот Саем со 1.000 кревети има 64 пациенти и во спортскатa сала „Чаир“ во Ниш со 256 кревети има 38 пациенти.

Денеска е најавено дека во Белград и во Ниш наскоро треба да пристигне кинеска мобилна лаболаторија во која ќе се тестираат и до 1.000 пациенти дневно.

Next Post

Мис Англија ја симна круната за да помогне во борбата со корона вирусот

EVN

НАЈНОВО

Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Драма во англискиот фудбал: Кој се враќа во Премиер лигата, а кој гигант е на раб на амбисот?

April 18, 2026
Фото: ТАВ Аеродроми

Николоски: Скопскиот и Охридскиот аеродром лидери во регионот

April 18, 2026
Илустрација Фронтлајн

Цените на нафтата во нагол пад: Иран го отвори Ормускиот Теснец за време на примирјето

April 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 18 и 19 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Казино туризам – мирис на скап парфем и пропаст

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Комисија за култура на СДСМ: Љутков се кити со туѓи перја во Стоби додека удира врз колективниот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драма во англискиот фудбал: Кој се враќа во Премиер лигата, а кој гигант е на раб на амбисот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk