Од 30-ти март до 5-ти април направен е вкупно 91 инспекциски надзор: 79 во јавно-здравствени установи, 12 во приватни. Направен е увид во однос на опременоста, количината на заштитни маски, ракавици, капи, мантили за еднократна употреба, визири и калјачи, сè што се користи за пристап кон пациенти на соодветно ниво на здравствена заштита. Констатирани се доволни количини, како и средства за дезинфекција на работни површини и дезинфициенци за раце“, потенцираше министерот Филипче.
Министерот Филипче го честиташе денешниот Светскиот ден на здравјето на сите колеги здравствени работници, кои како што истакна, во овие услови на светска здравствена криза, во услови на пандемија од коронавирусот, го даваат својот максимум за спасување на човечки животи.
„Здравствените работници се на првата борбена линија и даваат сè од себе во лекувањето и третманот на пациентите, а со тоа спасуваат човечки животи. Во овие моменти тие се столбот на државата и нашата најголема надеж. Апелирам до моите колеги – да го чуваат своето здравје, да се штитат на работното место, но и надвор од работното место. Во името на сите здравствени работници сакам да упатам апел до граѓаните да се придржуваат до мерките, да дадат точни и прецизни одговори на прашањата на медицинскиот персонал заради тоа што така се штитат медицинските работници, така го одржуваме здравствениот систем“, рече министерот Филипче.