ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Кафематите и апаратите за вода потенцијална зараза, кафеаните во рураните средини не ги почитуваат препораките

-Агенцијата за храна и ветеринарство апелира до граѓаните да не ги користат кафематите и апаратите за вода бидејќи тие можат да бидат потенцијален преносител на вирусот Ковид -19, рече Филиповска Грашкоска.

April 7, 2020 10:39
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Затворени се 48 угостителски објекти, забранети се за употреба 215 кафемати, а кај 15 месарици и маркети е констатирана општа лоша хигиенска состојба, во тек на 3.908 надзори што ги спровеле шесте инспекциски служби во државава од 2 до 5 април годинава, вршејќи контрола на почитување на владините препораки за заштита од ширењето на вирусот Ковид -19.

-Иако општата констатација е дека поголемиот дел од субјектите ги почитуваат владините мерки за превенција од ширење на коронавирусот, за жал еден дел од угостителските посебно во руралните средини продолжуваат да ги прекршуваат мерките на Владата. Во таа насока и најголемиот дел од 3.232 контроли на Државниот пазарен инспекторат се однесуваат на работењето на угостителските објекти, а 423 се за замрзнати цени на производи. Притоа се затворени 48 угостителски објекти во повеќе градови и населени места низ државата. При визуелните контроли низ државата е констатирано дека поголемиот дел од угостителолите ги почитуваат мерките, информира денеска на редовната прес-конференција Магдалена Филиповска Грашкоска, претседател на Инспекцискиот совет.

Како што дополни, забранети се за употреба 215 кафемати на бензинските пумпи и на други локации.

-Агенцијата за храна и ветеринарство апелира до граѓаните да не ги користат кафематите и апаратите за вода бидејќи тие можат да бидат потенцијален преносител на вирусот Ковид -19, рече Филиповска Грашкоска.

Таа информираше дека се забележани помалку зголемувања на цените на производите, особено на цитрусните овошја, а таму каде имало поскапување цените се вратени.

Агенцијата за храна и ветеринарство спровела 208 надзори, при што се изречени две глоби, една  за непочитување на претходна наредба издадена од инспекор, а другата поради држење производ без декларација.

-Изречени се и седум мерки и едукации поради неспроведени обуки за основни знаења за безбендост на храна, а дополнително се издадени се 15 решенија на месарици и маркети за општа лоша хигиенска состојба и веднаш е наредено да се изврши дезинфекција, дезинсекција и дератизација, информира претседателката на Инспекцискиот совет.

Државниот транспортен инспектират, пак, спровел 70 надзори, при што е кнстатирано дека кај автобуските станици немало отстапување од владината препорака за преполовен број на патници, меѓународен линиски превикз  е во цеосен прекин.

При спроведените 41 контрола од Агенцијата за лекови е утврдено дека нема специфични отстапувања, односно дека секторот ги почитува препораките,  се одржува ред во апетките, се дозволува влез на ограничен број лица, а цените се согласно препораките и одлуките на Владата.

Воедно, Државниот инспекторат за труд во тек на 290 контроли издал едно решение и 13 укажувања за работодавачи кои не ги почитувале мерките на Владата. Надзорите се поврзани за постапување по претставки за платено отсуство на родители, бремени жени и хронично болни лица. Дополнитено инспекторатот констатира дека поголемиот дел од работдавачите ги почитуваат мерките и препораките.

Извршени се и 66 надзоори од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекорат кој дополнително издал 164 дозволи за непречено спрведување транспорт во услови на епидемија од коронавирусот.

Инспекторите остануваат на терен и секој кој нема да и почитува мерките ќе биде санкциониран, порача Филиповска Грашкоска.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Девет активни пожари, еден локализиран

July 8, 2025
Охрид Фото: Јане Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Реакција на СДСМ по повод заканата за губење на статусот на Охрид како светско природно и културно наследство под заштита на УНЕСКО

July 8, 2025

Седум гледачи повредени на германското првенство во велодромски велосипедизам

July 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Што содржи Предлог-извештајот на Вајц за земјава за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто се извини Мицкоски?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Град Скопје алармира: Рекордна потрошувачка на вода, масовни диви приклучоци и напад врз советничка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град без визија: Зошто Скопје не смее да падне во рацете на лажен ПР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Димитров доминираше над Синер, но поради повреда го предаде мечот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk