ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Владата прави сѐ да им се помогне на нашите граѓани во странство да се вратат во Северна Македонија, при што се обезбедени највисоки протоколи и здравствени стандарди

Владата донесе уредба преку која граѓаните, кои пристигнуваат на граничните премини за влез во земјава, ќе бидат транспортирани до државните карантини секој ден во 10:00 часот и во 20:00 часот.

April 7, 2020 16:14
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Владата на Република Северна Македонија редовно ја информира јавноста за начинот и организацијата како се вршат активностите за враќање на македонските граѓани, кои се најдоа во странски земји, и прифаќањето во нашата држава за време на вонредната состојба предизвикана од корона вирусот.

Место за паника и загриженост не треба да има, бидејќи целата процедура се спроведува преку постапки и договори – од транспортот (авионски и автобуски) до нашата држава, превозот до објектот/хотел утврден како државен карантин и сместувањето во државниот карантин.
Организирање авионски превоз и пристигнување во нашата држава
Владата донесе уредба преку која граѓаните, кои пристигнуваат на граничните премини за влез во земјава, ќе бидат транспортирани до државните карантини секој ден во 10:00 часот и во 20:00 часот. Затоа Владата апелира  до граѓаните кои мораат да допатуваат во земјава да ги планираат своите пристигнувања на граничните премини непосредно пред посочените термини со цел да не се создава гужва и чекање.
За организираните летови Владата објавува јавни повици за организирање авионски превоз за државјаните на Република Северна Македонија кои се во странство, а сакаат да се вратат во земјава. Повиците се подготвуваат по претходно добиена листа од Министерството за надворешни работи на пријавени патници, македонски граѓани со моментален престој во странство, а критериум за избор на најповолен понудувач е најниска цена.
Секој македонски граѓанин, кој се враќа во нашата земја со превозот организиран од Владата, има обврска самостојно да го плати авионскиот лет и за веќе утврдената процедура запознаени се сите патници.
Цената на летот по патник се дефинира, откако ќе се затвори листата на патници по авион, а цената на летот се дели со бројот на патници, и така се утврдува конечната цена што секој патник е должен да ја плати откако ќе пристигне во државата. За условите под кои се организираат овие летови, сите наши граѓани затекнати во други држави навреме и детално се информирани.

Ден претходно, граѓаните кои се враќаат во државата се контактирани од Министерството за надворешни работи и ги добиваат сите информации во врска со превозот и со државниот карантин, вклучително и цената и условите за превозот.Сместување во државен карантин без никаков финансиски надомест

Еден од условите за спроведување на овие летови е обврската на граѓаните да потпишат договор за исполнување на нивниот дел од обврските и да прифатат да бидат сместени во државен карантин во објект што го обезбедува Владата без никаков финансиски надомест, како и да ги подмират трошоците за авионскиот превоз.Транспорт од аеродром до  локацијата за државен карантин во безбеден и строго контролиран автобуски превоз

При слетувањето на аеродромот патниците добиваат информација кон кој број на автобус треба да се упатат и на која локација со обезбеден државен карантин ќе бидат превезени.

Автобусите се со дезинфицирана внатрешност од страна на сертифицирана компанија, обезбедени со полициска придружба, а возачите се со целосна заштитна опрема и скафандери. За граѓаните има обезбедено закуска и вода.Сместување во безбедни и строго контролирани државни карантини

За нашите граѓани е обезбедено сместување во безбедни и строго контролирани државни карантини со капацитет од 2104 легла во моментов во целата држава, во 19 сместувачки објекти.
За секој  граѓанин сместен во државен карантински објект е направена епидемиолошка анкета и определен е соодветен режим во карантинскиот објект кој е целосно безбеден и строго контролиран и надгледуван од полицијата и војската.
Ниту еден граѓанин сместен во државен карантин во периодот од 14 дена не смее да ја напушти соба во која престојува, не смее да го напушти ниту објектот. Овие граѓани не се закана за никого.
Владата објави јавен повик за изразување интерес за сите хотели во државата кои имаат повеќе од 50 легла, а хотелите кои ќе ги стават своите капацитети на располагање треба да обезбедат три оброци дневно за секој граѓанин, којшто ќе користи легло, како и одржување на хигиената во хотелот.

Напуштање на објектите определени за државен карантин


Нашите граѓани, кои се сместени во објектите определени за државен карантин, истите ги напуштаат 14-тиот ден од сместувањето. Тие ги напуштаат објектите со сопствен превоз или превоз кој самите го имаат обезбедено.
Вработени во МВР и АРСМ, кои се задолжени за спроведување на редот и дисциплината во објектите, го воспоставуваат редот и на напуштање, при што лицата се отпуштаат според бројот на собата во која се сместени, без да дојде во контакт помеѓу сместените лица, односно соба по соба.

При напуштање на објектите, секое лице добива потврда дека бил сместен во карантин, потпишана од Генералниот секретар на Владата и од објектот во кој биле сместени.Превоз од објектите за државен карантин до локацијата за самоизолација

Отпуштањето на лицата сместени во објекти во државен карантин се врши по стапување на сила на полицискиот час, со цел полесно контролира на движењето на лицата кои го напуштаат објектот, за нивна и за безбедност на другите.
МВР ги најавува сите возила со кои се врши превоз на лицата, кои се отпуштаат од државниот карантин, со цел непречено движење до објектот каде лицето ќе биде во самоизолација.
Лицето кое го напушта објектот за државен карантин, се превезува сам во возилото или заедно со лицето со кое било во соба, на задното седиште во превозното средство, во случај кога возилото го управува друг, при што сите лица во возилото задолжително носат заштитна маска и ракавици.

Не е дозволено превезување на повеќе лица (групирање) заради користење на заеднички превоз, освен кога станува збор за семејство кое самоизолацијата ќе ја вршат на иста адреса.Задолжителна самоизолација во траење на 14 дена по напуштањето на државниот карантин

Лицата кои го напуштаат државниот карантин, задолжително спроведуваат самоизолација во траење на 14 дена, согласно Упатството за спроведување на државен карантин по донесена одлука на Владата.
При напуштање на државниот карантин лицата потпишуваат два примероци од изјавата за самоизолација (еден за Министерство за здравство, втор за Министерството за внатрешни работи) на кои се потпишуваат одговорниот лекар присутен за време на напуштањето и одговорниот од МВР.

Пред напуштање на државниот карантин, се врши проверка на здравјето на лицата сместени во државен карантин и доколку се утврдат симптоми на КОВИД-19, се постапува согласно донесените протоколи од Министерството за здравство.Здравјето на граѓаните е најважно

Здравјето на граѓаните и неговата заштита во оваа ситуација се најважни, важно е и нашите граѓани кои биле во странство да се прифатени во Северна Македонија на највисоко ниво, затоа Владата секојдневно носи мерки, препораки, заклучоци и уредби, со цел да им се излезе пресрет на граѓаните и да им помогне да го сочуваат здравјето. Во оваа насока се и построгите ограничувања на движењето на граѓаните за да имаме помалку новозаболени и починати, се повеќе излечени, и побрзо како земја да излеземе од кризата со корона вирусот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Рокас порача дека ЕП е независна институција во ЕУ со свои правила и затоа не може да коментира за извештајот на Вајц

June 20, 2025
Фото: ДСНС на Одеса

Украинска амбасада: Колку побргу болните умови во Кремљ ја изгубат способноста да ја финансираат војната, толку повеќе животи ќе спасиме во Украина

June 20, 2025

Просечната нето плата во април 45.452 денари

June 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Манев го откри идентитетот на лицето кое го уништил синиот ранец со пиштолот и моторолите користени за убиствата на Вања и Панче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британски „Економист“: Вучиќ е на колена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, се уште не сме разговарале дали ќе биде линеарно или процентутално, вели Кочоска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во 4 по полноќ започнува летото, утре ќе биде најдолгиот ден во годината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk