Почина пациент позитивен на Ковид-19. Според информациите на Алсат, станува збор за лице од Куманово. Инаку, тестирањето на евентуални нови случаи на заболени од корона вирус е во тек, а се чекаат резултатите од направените тестови во последниве 24 часа.
Спасовски: Поминавме многу премрежја во минативе 27 години, да останеме обединети во овие тешки моменти. И ова ќе го помине. Да веруваме во нашите капацитети и способности. Да ја направиме опасноста од корона-вирусот да биде триумф на нашето знаење, на професионалноста на нашите институции и на солидарноста на нашиот народ, порачува Спасовски.
Славиме 27 години членство во Обединетите Нации. Претседателот Глигоров ги постави темелите на нашите вредности и ги зацрта нашите најважни приоритети во надворешната политика, на кои и денес сме посветени и кои неуморно ги реализираме.
Димитров: Граѓаните да бидат внимателни, вонредната состојба плодно тло за ширење лажни вести.
МЗ: За лицата со кардиолошки заболувања следењето на препораките од кардиолозите е клучно во заштитата. Во практични кардиолошки препораки се советува дека доколку кардиолошки болен се сомнева дека е заболен и ги има следните симптоми: покачена телесна температура, кашлање, тешко дишење, главоболка или болка во грлото, општа премаленост, потребно е телефонски да се јави кај својот матичен лекар, притоа да ги наведе сите досегашни кардиоваскуларни дијагнози.
ХЕРА: Владата да ги гарантира здравствените услуги на бремените жени. Буџетите за финансирање на услугите за репродуктивно и сексуално здравје не смее да бидат намалени или стопирани!
Вкупно 35 лица не ја почитувале забраната за движење во изминатото деноноќие. Две лица не ја почитувале мерката за самоизолација.
Во Скопје на кеј починал човек додека трчал. На местото се пристигнати брза помош и полиција на увид.
ОЈО: Еден обвинет за убиство и за обид за убиство кај Шишево.
Ветеринарите препорачуваат домашните мачки да не се пуштаат надвор.
Бугарија ќе испрати заштитни скафандери за Македонија. Борисов: Многу е лесно да велиш браќа сме, но дали сме браќа се гледа кога ти е тешко….Тогаш тогаш треба да се дејствува. Наредив уште денеска да бидат испратени стотина заштитни скафандери за лекарите во Македонија.