ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

12: Нов смртен случај од Ковид 19, премиерот повикува на обединетост, вонредната состојба плодно тло за ширење лажни вести, 27 години дел од ОН

Блок вести од 09 до 12 часот.

April 8, 2020 11:02
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Почина пациент позитивен на Ковид-19. Според информациите на Алсат, станува збор за лице од Куманово. Инаку, тестирањето на евентуални нови случаи на заболени од корона вирус е во тек, а се чекаат резултатите од направените тестови во последниве 24 часа.

Спасовски: Поминавме многу премрежја во минативе 27 години, да останеме обединети во овие тешки моменти. И ова ќе го помине. Да веруваме во нашите капацитети и способности. Да ја направиме опасноста од корона-вирусот да биде триумф на нашето знаење, на професионалноста на нашите институции и на солидарноста на нашиот народ, порачува Спасовски.

Славиме 27 години членство во Обединетите Нации. Претседателот Глигоров ги постави темелите на нашите вредности и ги зацрта нашите најважни приоритети во надворешната политика, на кои и денес сме посветени и кои неуморно ги реализираме.

Димитров: Граѓаните да бидат внимателни, вонредната состојба плодно тло за ширење лажни вести.

МЗ: За лицата со кардиолошки заболувања следењето на препораките од кардиолозите е клучно во заштитата. Во практични кардиолошки препораки се советува дека доколку кардиолошки болен се сомнева дека е заболен и ги има следните симптоми: покачена телесна температура, кашлање, тешко дишење, главоболка или болка во грлото, општа премаленост, потребно е телефонски да се јави кај својот матичен лекар, притоа да ги наведе сите досегашни кардиоваскуларни дијагнози.

ХЕРА: Владата да ги гарантира здравствените услуги на бремените жени. Буџетите за финансирање на услугите за репродуктивно и сексуално здравје не смее да бидат намалени или стопирани!

Вкупно 35 лица не ја почитувале забраната за движење во изминатото деноноќие. Две лица не ја почитувале мерката за самоизолација.

Во Скопје на кеј починал човек додека трчал. На местото се пристигнати брза помош и полиција на увид.

ОЈО: Еден обвинет за убиство и за обид за убиство кај Шишево.

Ветеринарите препорачуваат домашните мачки да не се пуштаат надвор.

Бугарија ќе испрати заштитни скафандери за Македонија. Борисов: Многу е лесно да велиш браќа сме, но дали сме браќа се гледа кога ти е тешко….Тогаш тогаш треба да се дејствува. Наредив уште денеска да бидат испратени стотина заштитни скафандери за лекарите во Македонија.

Во Еквадор се прават нови гробишта за жртвите на корона вирус.

Русија со рекорден број заразени во последните 24 часа, бројката достигна 8.672.

СЗО: Во Северна Кореја нема Ковид-19, над 500 луѓе во карантин.

Next Post

Одложен Самитот ЕУ – Западен Балкан заради состојбата со корона вирусот

Shortcut

Најново

Фрагмент од насловницата на албумот „Без никого да удриш“ (фото извор: ФБ сттаница на „Алмебик“)

Концерт, винил и документарец: Голема вечер со „Алембик“ во МКЦ

June 10, 2026

СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

June 10, 2026
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - стара чаршија Скендер Бег

Дневен хороскоп со Анаис за 10 јуни 2026: Финансиска консолидација и цврсти деловни темели

June 10, 2026

НАСА го објави екипажот за историската мисија „Артемис 3“ во 2027 година

June 9, 2026

Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk