ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ДКСК: Во услови на криза постојат зголемени ризици од корупција, ќе се следи работата на институциите

Од ДКСК уште еднаш им посочуваат на службените лица и субјектите од јавниот сектор да ги почитуваат начелата на законитост, интегритет, еднаквост, јавност, етичките норми и професионалните стандарди при извршување на своите јавни овластувања и должности.

April 8, 2020 11:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во соработка со Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата во услови на пандемија на Ковид -19 и вонредна состојба преземаат низа заеднички активности, соопшти ДКСК. Од Антикорупциска истакнуваат дека во услови на криза, постојат зголемени ризици од корупција, за што сведочат досегашни кризи од помали размери како во нашата, така и во други држави.

-Оттука, ќе се посвети внимание на јавните набавки, дистрибуцијата на државна помош и донациите, како и работата на инспекторатите. Очекуваме дека институциите ќе сторат сѐ, во внатрешните процедури кои се пишуваат врз основа на уредбите со законска сила да бидат вградени соодветни антикорупциски механизми, водејќи се од начелата на етичност, непристрасност и транспарентност. Дополнително очекуваме дека ќе се води јавна евиденција на примателите на државна помош (по различен основ) и донации, добавувачите во јавните набавки и субјектите на инспекциските проверки, се посочува во соопштението.

Од ДКСК уште еднаш им посочуваат на службените лица и субјектите од јавниот сектор да ги почитуваат начелата на законитост, интегритет, еднаквост, јавност, етичките норми и професионалните стандарди при извршување на своите јавни овластувања и должности.

-Согласно овие начела службените лица не смеат да ја користат функцијата, јавното овластување, службената должност и положба за извршување на дејствие што согласно законските прописи е забрането, односно не смеат да дозволат пропуштање на дејствие кое се задолжени да го извршат, не смеат да го подредат своето професионално извршување на својот личен интерес, ниту на интересот на друго лице, должни се да го почитуваат јавниот интерес и да постапуваат без дискриминација или повластување на било кого, не смеат да се раководат од лични, семејни, верски, партиски и етнички интереси, ниту од притисоци и ветувања од претпоставениот или од друго лице, потенцираат од ДКСК.

ДКСК и Платформатa своите активности ги насочуваат кон следење на содржината, транспарентноста и отчетноста во реализацијата на уредбите со сила на закон и мерките што Владата и институциите ги носат во овие вонредни услови, а особено на оние кои вклучуваат трошење на буџетски средства и, користење на донации и слично, a во насока на заштита на здравјето на граѓаните и економската состојба на земјава. Потоа кон поддршка на граѓаните и институциите во пријавувањето и навременото откривање на можни недоследности и незаконитости во постапувањето на државните и локални власти, како и на поединци и субјектите во јавниот сектор. 

Next Post

Денес стапуваат на сила дополнителните мерки на забрана за излегување по 16,00 часот и целосната забрана за излегување за викендите

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk