ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Хелсиншки комитет: Ромите се меѓу најранливите групи во состојба на пандемија

Продолжува и сегрегацијата на децата Роми во образованието. Во ноември 2019 година Хелсиншкиот комитет, заедно со уште четири организации од Мрежата за заштита на права на Ромите, достави поднесок до специјалниот известувач за малцински прашања на Обединетите нации, во кој го информираше за три клучни проблеми околу употребата на ромскиот јазик во образованието.

April 8, 2020 12:27
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска, на Меѓународниот ден на Ромите, повторно забележуваме дека Ромите и понатаму се соочуваат со континуирани тешкотии во остварувањето на правата во речиси сите области на општественото дејствување. Нема промена и подобрување ниту во имплементирање на активностите од важечката Стратегија за Ромите, затоа што државата и понатаму не успева да обезбеди целосно и ефикасно спроведување на Стратегијата, која се наоѓа во последната година од својата важност, соопшти Хелсиншкиот комитет за човекови права.

„Во изминатата година, кон Ромите беше регистрирана системска дискриминација, особено во непристапноста кон јавните услуги и добра, како што се на пример случаите на недозволување пристап на Ромите во пливачките базени. Ромите се соочуваат со нееднаков пристап и третман, а се уште постои дискриминација и во однос на здравствени услуги и здравствената заштита.

Продолжува и сегрегацијата на децата Роми во образованието. Во ноември 2019 година Хелсиншкиот комитет, заедно со уште четири организации од Мрежата за заштита на права на Ромите, достави поднесок до специјалниот известувач за малцински прашања на Обединетите нации, во кој го информираше за три клучни проблеми околу употребата на ромскиот јазик во образованието.

Трите точки остануваат еднакво релевантни и во овој момент, проблемот со недоволна промоција и информираност на учениците и родителите за можноста да се избере ромскиот јазик и култура како изборен предмет во основно образование, недостатокот на учебници по предметот ромски јазик и култура за 6 – 9 одделение и недостатокот на катедри по ромски јазик и професори по ромски јазик.

Дискриминацијата врз основа на етничка припадност, боја на кожа и маргинализирана група е длабоко вкоренета во општеството и државата не успева да преземе активни мерки за нејзино спречување. Вонредната состојба во која се наоѓаме поради пандемијата на Ковид-19 дополнително ја загрозува ромската етничка заедница, чии припадници често се соочени со екстремна сиромаштија, супстандардни услови за живот и недостиг на адекватна здравствена заштита, се додава во соопштението.

Во изјавата на Комесарот за човекови права на Советот на Европа се нагласува дека Ромите се меѓу најранливите групи во состојба на пандемија во многу места низ Европа, со оглед дека многумина немаат пристап до чиста вода и санитетски материјали, што оневозможува ефективна примена на препорачаните мерки за хигиена. Исто така, еден од ефектите на карантинот и изолацијата е губењето на дневниот извор на приходи, што го отежнува остварувањето и на основните егзистенцијални потреби. Имајќи предвид дека последиците од вонредната состојба особено можат да ја погодат ромската заедница, како на социјален, така и на економски план, од институциите и Владата очекуваме специфични мерки за помош и солидарност со Ромската заедница.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Дозволи за движење за лицата со попреченост со придружник, од 19 до 20 часот од понеделник до петок, за викенд од 11 до 13 часот

НАЈНОВО

Филипче од Свети Николе: СДСМ се бори Македонија да биде дом за сите, а не приватен имот на власта

October 4, 2025

Мицкоски од Куманово: Направете вистински избор – гласајте за Максим Димириевски

October 4, 2025

Мицкоски: Црвените линии на Венко се тројанскиот коњ, Бојко зборуваше дека дал пари, сега што ли е во игра?

October 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ја повлече номинацијата на Марк Брновиќ за амбасадор во Србија, тој обвинува за „длабока држава“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андоновски ја претстави новата апликација m.Uslugi – ќе ги содржи сите услуги кои државата ги нуди на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • В недела привремен режим на сообраќај за време на Виз Ер Скопски маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk