Лезбијска двојка е нападната во метро по што нема ефективна последователна истрага. Комитетот на ОН за елиминација на дискриминацијата врз жените – CEDAW утврди прекршување на авторските права според членовите 1, 2 и 5 од Конвенцијата CEDAW од страна на Русија, пренесе Коалиција Маргини.
Руската Федерација беше повикана:
-Да обезбеди тренинг за родова сензитивност за полицијата со цел хомофобичните злосторства против лезбијките да бидат разбрани како родово-базирани насилства или злосторства на омраза, за кои е потребна активна интервенција од страна на државата;
-Да се придржува до своите должности за делотворна почит, заштита и исполнување на човековите права на жените, вклучително и на лезбијките, како и правото да се биде слободен од сите форми на родово-базирано насилство;
– Да ги истражува навремено, темелно, непристрасно и сериозно сите наводи за родово-базирани насилства против жени мотивирани од омраза кон лезбејките, да го зема целосно предвид специфичниот контекст на прекршокот, да обезбедува поведување на кривични постапки во сите вакви случаи, да ги доведува наведените сторители пред суд и да изрекува соодветни казни;
-Да ѝм обезбеди на лезбијките коишто биле жртви на насилство безбеден и брз пристап до правда, вклучително и бесплатна правна помош, со цел да се осигура дека ќе имаат пристап до достапни, ефективни и доволни правни лекови и рехабилитација.
Пресудата е достапна ОВДЕ.