Синот на српскиот претседател Александар Вучиќ, Данило Вучиќ, е заразен со коронавирус и заради клиничката слика е хоспитализиран на Инфективната клиника во Белград, јави Танјуг.
Веста ја објави претседателoт Вучиќ на својот инстаграм профил.
„Кога се почна, мојот Данило ми кажа дека предавањето не е опција. Мојот првенец е заразен со коронавирус, а клиничката слика му е таква што е примен на Инфективната клиника“, напиша Вучиќ и додаде дека е убеден дека тој ќе ја победи болеста.