ВО изминатото деноноќие се потврдени 46 нови случаи на Ковид 19. Со ова бројката на дијагностицирани случаи во државата е 663 лица, информира министерот за здравство Венко Филипче.
ДИМИТРОВ: На наша иницијатива, со другите министри за надворешни работи на земјите од Западниот Балкан денес испративме писмо до повеќе тела во ЕУ за изземање на земјите од Западен Балкан од Регулативата на ЕУ со која одредени медицински продукти за лична заштита беа ставени под режим на извозни рестрикции односно специјални извозни дозволи.
АГЕНЦИЈАТА за вработување ја објави, редовно и уредно, бројката на невработени лица за месец март, која што во споредба со претходниот месец бележи зголемување за околу 2.000 лица, вели директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на УСС-УКИМ, Борјан Ефтимов вели дека факултетите на УКИМ, како и нивните студентски собранија, се поделени во ставовите дали испитите треба да се полагаат онлајн. Лично смета дека електронското полагање ќе доведе до манипулации и ќе го деградира квалитетот на високото образование.
БРИГАДАТА за противпожарна заштита на Град Скопје во периодот од 02.04 до 08.04.2020 година на телефонскиот број 193, кој е дел од кампањата „Пријави оган на отворено“, добила само една пријава од граѓаните.
ДОКОЛКУ граѓаните имаат технички проблеми во функционирање на телекомуникациската мрежа може да се обратат до операторите, чии технички екипи и покрај тоа што е полициски час и е прогласена вонредна состојба излегуваат на терен.
СПЕЦИЈАЛНИТЕ едукатори и рехабилитатори Теодора Томовска и Магдалена Лазарова даваат идеи како со најминимален напор и скромни реквизити во условите на вашиот дом можете да искреирате активности кои ќе ги анимираат вашите деца во време на карантин.
САШО Орданоски: Гром во мојата коприва не удира!
СТУДЕНТИТЕ од Академијата за неформално образование Brainster изработија креативни плакати за поддршка на здравствените работници кај нас и во светот.
БиХ месецов нема да добие 165 милиони евра итна помош од Меѓународниот монентарен фонд (ММФ) бидејќи во таа земја не можат да се договорат како ќе се поделат парите, потврди шефот на канцеларијата на ММФ во Сараево, Ендрју Џуел.
АВСТРАЛИСКИТЕ власти денеска се заканија со големи парични казни, па дури и затворски за оние кои без посебна причина ќе го напуштат домот за време на Велигденските празници, со цел да се намали ширењето на корона вирусот.
СПОРЕД најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.529.439 лица заразени со новиот корона вирус. Од нив починати се 89.416, а оздравеле 337.164 луѓе.