ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Предлози од дефектолози за домашни активности за деца со минимални реквизити

Специјалните едукатори и рехабилитатори Теодора Томовска и Магдалена Лазарова даваат идеи како со најминимален напор и скромни реквизити во условите на вашиот дом можете да искреирате активности кои ќе ги анимираат вашите деца во време на карантин.

April 9, 2020 11:49
in ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Секој ден посветувајте колку можете време на домашни активности кои ќе го анимираат вашето дете, а притоа имаат и едукативен карактер.

Специјалните едукатори и рехабилитатори Теодора Томовска и Магдалена Лазарова даваат идеи како со најминимален напор и скромни реквизити во условите на вашиот дом можете да искреирате активности кои ќе ги анимираат вашите деца во време на карантин.

Во изработувањето на активностите треба да бидат вклучени и децата. Секој ден изработувајте по една од понудените активности. Бидете креативни, забавувајте се, играјте си, гушкајте се, уживајте во моментите поминати со семејството и седете дома. Ви посакуваме убаво исполнето време со вашите најмили и многу забава и насмевки, велат специјалните едукатори и рехабилитатори Теодора Томовска и Магдалена Лазарова

Играњето е од клучно значење за развојот на децата. Преку игра се негува и односот меѓу родителот и детето, а позитивната атмосфера во текот на играта го охрабрува детето уште поактивно да се внесе во активноста. Направете интересни игри за вашите деца, импровизирајте и дружете се. Искористете ги работите што ги имате дома и направете нешто забавно за децата и за вас.

Разиграни броеви

Нацртајте низа на која ќе ги пишувате цифрите. Потоа нацртајте множества со јаболки. Исечете ги множествата во форма на круг. На детето дајте му инструкција, на пр., бројот 1 му го покажувате на листот или низата, а потоа го оставате или со ваша помош го барате соодветното множество според бројот.

 

Домино шпатули

На краевите од дрвени шпатули цртате различни форми. Истите форми што ги имате нацртано на шпатулите ги цртате и на бел лист хартија. Со детето правите фигура од шпатулите во зависност од спојувањето на формите. На пр., ако на едниот крај има круша и правоаголник, барате шпатула на која има нацртано круша и уште една форма. Откако ќе го завршите првиот дел од играта, следува вториот комуникациски дел. Вие му давате на детето лист со формите исти од шпатулите, а потоа му кажувате да ја најде соодветната шпатула. Важно во оваа активност е да го одржувате контактот со детето.

 

Овошна градина

На хартиени ролни од тоалетна хартија цртате овошја и ги лепите на картон. Истите овошја ги цртате и на бел лист. Ги сечете, па ги лепите на шпатули. Му кажувате на детето да ги најде јаболката. Вашето дете треба да го препознае и да го стави на соодветното место. На ист начин ја продолжувате класификацијата и со другите овошја.

Магична тегла 

Во оваа игра можат да бидат вклучени сите членови на семејството. Магичната тегла се полни со ливчиња, а на секое ливче има напишано активност или прашање. Секој влече по едно ливче од магичната тегла и чита на глас што има напишано (доколку детето не знае да чита, тоа го прави родителот) и тоа треба да го направи, односно изврши, а потоа доаѓа на ред друг и така се врти кругот. Активностите и прашањата можете сами да ги смислите.

Кула од чаши

На пластични чаши се пишуваат броеви од 1 до 6. Колку членови ќе учествуваат во играта, толку сетови чаши се прават. Еден сет содржи 6 чаши. Секој фрла коцка и бројот што ќе се погоди, таа чаша ја зема и ја става, потоа следниот и така се врти кругот. Доколку му се погоди бројот од чаша која веќе ја има ставено, поминува неговиот ред и го чека наредниот круг за пак да ја фрла коцката. Победник е оној што прв ќе ја изгради кулата.

Извор: deca.mk

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Австралија најави строги казни за напуштање на домовите за Велигден

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

October 5, 2025

Филипче од Свети Николе: СДСМ се бори Македонија да биде дом за сите, а не приватен имот на власта

October 4, 2025

Мицкоски од Куманово: Направете вистински избор – гласајте за Максим Димириевски

October 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ја повлече номинацијата на Марк Брновиќ за амбасадор во Србија, тој обвинува за „длабока држава“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Забрчанец: Еве 11 домашни суштиски промени за кои не беа потребни децениите кои ги бара Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • В недела привремен режим на сообраќај за време на Виз Ер Скопски маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk