ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Американски вакцинолог: Наскоро ќе биде подготвена вакцината против Ковид-19, рестрикции ќе има до крајот на мај

Клиничките испитувања се долготрајни и имаат неколку фази, бидејќи вакцината мора да биде безбедна пред да се вакцинираат голем број луѓе.

April 10, 2020 19:33
in ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Вакцината против корона вирусот ќе биде достапна многу скоро, а  рестрикциите со кои сега се соочуваме ќе траат до средината или крајот на мај, за Дојче Веле тврди Флориан Крамер, професор по вакцинологија во болницата Маунт Синаи во Њујорк.

Одговарајќи на прашањето колку е реално наскоро да ја имаме потребната вакцина, Крамер кажа дека е „ многу реално“, бидејќи вакцината не е во фаза на истражување, туку дека веќе се прават клинички испитувања.

-Клиничките испитувања се долготрајни и имаат неколку фази, бидејќи вакцината мора да биде безбедна пред да се вакцинираат голем број луѓе. Со оглед на тоа дека околу 40 компании се занимаваат со пронаоѓање на вакцината, не мислам дека нејизното пронаоѓање ќе биде некаков проблем, објасни Крамер, додавајќи дека е тоа процес што трае околу 15 години, а сега е неопходно  да се заврши за неколку месеци, што, како што вели, е предизвик и бара трпение.

Крамер напомена дека е ова редок случај во историјата да постои доволно пари за развој на вакцината за разлика од САРС и МЕРС за кои работата на пронаоѓањето на вакцината се прекина кога ширењето на заразата се стави под контрола.

На прашањето колку овој вирус се разликува од сезонскиот грип, Крамер кажа дека од молекуларна гледна точка тоа се два целосно различни вируси.

-Кога беше објавен генетскиот материјал на вирусот, сите во научната заедница знаеја за што станува збор. Најдрастичната разлика е во тоа што човековата популација апсолутно нема имунитет на него, а нема ниту лекови, ниту вакцина, и затоа тој се шири многу лесно. Ситуацијата со самото тоа е многу поопасна,  објаснува научникот чија работа е фокусирана на пронаоѓањето на универзална вакцина за сезонскиот грип.

Негово мислење е дека ваквата ситуација ќе потрае барем до средината или крајот на мај и тогаш, како што вели, можеби ќе биде можно општествените активности до одреден степен да се вратат во нормала.

Но, вели дека е можно да се случи некаде повторно да избие епидемија и тогаш повторно ќе мораме да се вратиме на ваквиот режим на живот.

-Мораме да очекуваме дека брановите на пандемијата повторно да се појавуваат во текот на летото, есента и зимата, па затоа мораме да се навикнеме на ваквата ситуација до крајот на 2020 годфина, мисли Крамер.

Тоа што со сигурност може да реши, како што објаснува,  е луѓето едно време да стануваат имуни и да не можат така лесно повторно да се инфицирата со овој вирус.

-Дури и да се случи повторно да се заразат, тоа ќе биде во далеку поблага форма на болеста, смета Крамер.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Кис Кам на коцерт од Колдплеј: Директорот на „Астрономер“ фатен во интимна сцена со шефицата, Бајрон јавно се извини

July 18, 2025

Продолжен притворот за обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“, обвинителниот акт доставен до одбраната

July 18, 2025

Од скопјани се бара да штедат вода, но речиси 40 проценти се загуби во системот, а само 37 отсто се фактурира

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Гардијан“: Осум здрави бебиња родени преку вонтелесно оплодување со ДНК од три лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk