ПРЕТСТАВНИК на Канал 5 телевизија на денешната прес-конференција на министерот за здравство Венкo Филипче, информираше дека четворица вработени во телевизија се во самоизолација заради заболувањето од корона вирус на главниот и одговорен уредник на информативната редакција на медиумот Гоце Михајловски.
ЗАБРЧАНЕЦ за Телма: Стандардите, правилата и критериумите важат за сите подеднакво. Вонредна состојба значи ограничување на движење, но и дека никој не е привилегиран и нема приоритет кога е здравјето во прашање, без разлика на тоа дали има посебни дозволи за движење и дали е на некоја функција.
Во ТЕХНИЧКАТА влада, истакна Забрчанец, имаме и претставници на опозицијата која е контролен механизам, имаме гласни, силни и активни медиуми кои ја следат работата на владата, имаме будна граѓанска јавност исто како што беше и пред појавата на вирусот како и отворени и активни социјални мрежи.
КРВНА плазма заради антитела не може да даде кој било, треба да е во соодветна фаза, тие се пациенти кои се ковалесцентни, затоа што т.н. рековалесценти се целосно излекувани и тука нема ефект. Тоа не е тип на терапија, која може да помогне секаде, тешката форма на болеста е навистина тешка и ги напаѓа сите системи, рече Филипче и посочи дека има индикација кога точно се дава оваа терапија.
ВАКЦИНАТА против корона вирусот ќе биде достапна многу скоро, а рестрикциите со кои сега се соочуваме ќе траат до средината или крајот на мај, за Дојче Веле тврди Флориан Крамер, професор по вакцинологија во болницата Маунт Синаи во Њујорк.
ЗДРУЖЕНИЕТО на новинарите на Македонија денеска излезе со соопштение во кое наведува дека со загриженост ја примило информацијата дека уредникот на националната телевизија Канал 5, Гоце Михајлоски, е позитивен на корона вирусот. На колегата Михајлоски му посакува брзо закрепнување, да истрае во борбата со болеста и набргу да се врати на своето работно место.
ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА на Сан Франциско, Лондон Брид, следејќи ги екстремните мерки на Италија за спречување на ширењето на корона вирусот, прогласи целосен полициски час со забрана за движење од 24 часа во наредните 3 недели.
СВЕТСКАТА здравствена организација (СЗО) ги истражува причините за масовното заразување на медицински персонал со корона вирус во повеќе држави од светот.