Апликацијата која е предвидена да покаже дали сме биле во контакт со заразено лице, а притоа да нема никаков допир со нашите лични податоци, не следи и не собира информации од корисниците, туку е за информирање на оние кои доброволно ќе ја користат, потенцира националниот координатор за стратегиски комуникации Марјан Забрчанец во емисијата Еуро Фокус на ТВ Телма.
На констатацијата дека ИВЗ бара пари од државата и на некој начин повика на непочитување на мерките, а МПЦ се согласи дека верските институции ќе имаат финансиски последици, Забрчанец рече дека мерките важат за сите подеднакво и мора да се почитиваат.
„Дезинформација е дека се дале пари од Владата на верски организации. Одлуката е редовна, донесена уште во февруари и е дел од редовното финансирање на тие образовни институции“, истакна националниот координатор за стратегиски комуникации Марјан Забрчанец и уште еднаш нагласи дека нема дополнителна одлука за финансирање верски заедниците.
А. Н. Стојчевски