Птици, кучиња, по некој полицаец, неколку службени возила што се движат по празните улици…. Куманово, втор викенд со целосна забрана за движење, која од денеска 10 април се воведе во целата држава.
Забраната важи од петок во 16 часот до понеделник во 05 часот. Во работни денови полицискиот час започнува во 16 часот и завржува во 5 часот наутро.
Во Куманово на 3 април се воведе забрана и посебен режим на движење на населението.
Досега во Куманово се заразени 168 лица од Ковид-19, а има и најголем број на починати граѓани од корона вирусот, вкупно 8 жители.
Биљана Јордановска