Започна информативната емисија на Владата „КОВИД – 19: Прашања и одговори: Како психолошки да го победиме корона вирусот“ во која денес гостуваат експерти од Универзитетската клиника за психијатрија.
Иво Куновски и Маријана Станковиќ ќе разговараат на теми поврзани со психолошкото здравје во моменти на пандемија и сите состојби кои кај некој може да се појават во вакви околности, како страв, несигурност, анксиозност итн.