Лидерите на двете најголеми политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски се во домашна изолација. Минатата недела имале интервју со телевизиски новинар кај кого е дијагностициран Ковид 19.
„Новинарот е во стабилна состојба и е сместен во ГОБ „8 Септември“. Мицкоски на првиот тест е негативен, се чекаат резултатите на Заев“, рече министерот Венко Филипче на вонредната прес конференција.