ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Физичкото дистанцирање не треба да значи и социјално оддалечување

Во информативната видеосесија организирана од Владата, експерти од Универзитетската клиника за психијатрија укажаа на разликата меѓу препорачаното физичко дистанцирање наспроти социјалното, и психолошките ефекти кои тоа може да ги има.

April 11, 2020 07:28
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Физичкото дистанцирање не треба да го попречи социјалното дружење, а квалитетното време во оваа ситуација да го искористиме за меѓусебна поддршка и охрабрување, порачаа стручните лица кои учествуваа на информативната видеосесија што ја организираше Владата синоќа на темата за психолошката поддршка за граѓаните на кои тоа им е потребно, а која произлегува од мерките за спречување на ширењето на КОВИД-19.

-Грижата за психичкото здравје е исто толку важно како и грижата за физичкото здравје во услови на пандемија со корона вирус, истакнаа гостите во видеосесијата Иво Куновски, психолог и Маријана Станковиќ, специјалист по медицинска психологија и когнитивно бихевиорален консултант, кои се дел од тимот на Клиниката за психијатрија кои работат на овие линии за прва психолошка помош.

Маријана Станковиќ, специјалист по медицинска психологија и когнитивно бихевиорален консултант, истакна дека стравот, вознемиреноста, и  напнатоста се разбирливи од стравот од непознатото и оти одговорот на оваа ситуација може да биде дневна доза за оптимизам, разговори, како и да се користат интернетот и другите медиумски извори каде што можат да се најдат содржини, како и содржини кои нудат одредени едукативни содржини на кои граѓаните можат да им се посветат во периодите на изолација.

Стручните лица од  Клиниката за психијатрија кои работат на поддршката на граѓаните потенцираат дека физичката изолација не треба да  се идентификува со социјалното дистанцирање, и оти и во оваа ситуација треба да се пронајдат креативни и практични решенија за дружење и за лесни физички активности во моментите кога воведените мерки го дозволуваат тоа, или за време на забраната за движење кога социјалното дружење може и треба да се остварува преку интернет и социјалните мрежи.

Во текот на информативната видеосесија беше нагласено дека од оваа ситуација треба да се изведат позитивните придобивки како што е поголемото квалитетно време кое во оваа ситуација им се отвори како можност на членовите на семејствата кое треба да се искористи за меѓусебна поддршка и охрабрување кое како резултати може да ги зацврсти врските и довербата.

За време на видеосесијата беа посочени телефонските броеви, и другите канали за комуникација за психолошка поддршка, што Министерството за здравство во соработка со Клиниката за психијатрија ги отворија за бесплатна психолошка помош и тоа за различни структури и групи на граѓани.

На телефонските броеви одговараат стручни лица, психијатри од Клиниката за психијатрија.

На 078/378-766 можат да се јавуваат трудниците и родилките на кои им е потребна психолошка поддршка можат да се советуваат во периодот од 09:00 до 16:00 часот;

На бројот 072/919-009 лицата со нарушување на слухот, говорот и гласот можат да се советуваат во периодот од 09:00 до 16:00, како и преку апликацијата „Viber“;

На бројот 070/291-657 е овозможена психолошка поддршка за лица во самоизолација на албански јазик во периодот од 09:00 до 16:00 часот.

Функционираат и останатите телефонски броеви за психолошка поддршка, како бројот 072/912-676 за родителите на деца на предучилишна возраст и училишна возраст.

Возрасните лица, кои се во самоизолација, можат да се јавуваат за психолошка поддршка на 072/919-009.

Бројот 078/378-728 е определен за тинејџерите и нивните родители, а бројот 070/291-574 за родители на деца со попреченост.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Кис Кам на коцерт од Колдплеј: Директорот на „Астрономер“ фатен во интимна сцена со шефицата, Бајрон јавно се извини

July 18, 2025

Продолжен притворот за обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“, обвинителниот акт доставен до одбраната

July 18, 2025

Од скопјани се бара да штедат вода, но речиси 40 проценти се загуби во системот, а само 37 отсто се фактурира

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Гардијан“: Осум здрави бебиња родени преку вонтелесно оплодување со ДНК од три лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk