Трагедија во Прилеп се случила откако мaж се потурил со бензин и се самозапалил во гаража на куќа на улицата „Никола Карев” во Прилеп. Настанот се случил нешто по 17:00 часот.
Очевидци на немилиот настан велат дека човекот починал на самото место.
Противпожарната единица, според медиумите, брзо стигнала на местото на трагедијата со две возила, но било предоцна, прилепчанецот веќе бил починат.
Шеесетипетгодишниот прилепчанец бил пензионер, а претходно работел како курир во Прилепскиот основен суд, пренесе 21 ТВ.