Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија ги информира пациентите дека установата функционира непречено и во услови на Ковид-19, поради специфичноста на малигните заболувања.
Пациентите кои примаат хемотерапија и имунотерапија треба да се јават на редовниот закажан термин, како и пациентите со радиотераписки третман.
Воедно, препорачливо е таблетарната терапија да ја подигне член на семејството на пациентот.
Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија обезбедува и психолошка поддршка за пациентите со онколошки заболувања, за која може да се обратите на следните телефонски броеви:
• Доктор од ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија, во периодот од 10.00 до 12.00 часот на телефон 078/364-629
• Претседателка на комора на психолози, Мирјана Јовановска-Стојановска од 12.00 до 17.00 часот на телефон 070/233-453
• Психолог Александра Стефановска од 15.00 до 18.00 часот на телефон 071/218-050
• Психолог Елена Ѓорѓевска од 17.00 до 20.00 часот, на телефон 078/494-973