Терапијата и зрачењето за онколошките пациенти ќе бидат дадени во право време, како што е закажано. Се молат фамилиите на пациентите да останат надвор, пациентите да бидат заштитени со маска, како што сме и сите ние. Оваа криза ќе помине, а во меѓувреме бидете сите мирни и следете ги препораките од Министерството за здравство.
Министерот за здравство, Венко Филипче пак, на својот Фејсбук профил го сподели информативното видео на Д-р. Васев, со цел навремено информирање на пациентите.