Во текот на изминатото деноноќие на ниво на целата држава 138 лица не ја почитувале забраната за движење, при што се приведени 121 лице, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Лицата со попреченост не треба да вадат дозвола за движење, со себе да носат наод. Дополнителната заменик министерка Шкријељ укажа дека сите мерки кои ги имплементира Министерството за труд и социјална политика, и пред состојбата со коронавирусот и посебно сега, се насочени кон ранливите групи.
Секој што сака да вози автомобил во Москва, ќе мора да побара дозвола, изјави синоќа градоначалникот на главниот град на Русија, Сергеј Собијан.
Контактите на старите лица во Европа со другите треба да останат ограничени барем до крајот на годината заради епидемијата на коронавирусот, предупреди претседателката на Европската комисија.
На територијата на Град Скопје во текот на вчерашниот ден припадници на полицијата приведоа два лица под сомнеж за извршено кривично дело „тешка киражба“, соопшти денеска Министерсвото за внатрешни работи.
На лицата кои се заведени во електронскиот регистар за ретки болести им се обезбедени и предадени таблетарните лекарства за месеците април, мај и јуни, информира Министерството за здравство.
Киселата средина на „едноклеточните“ сеачи на лажни вести – коментира Јане Ѓорѓиоски. Инсинуациите и свесното манипулирање со јавноста од страна на врвот на ВМРО-ДПМНЕ не престануваат.
Министерството за здравство демантираше дека мајката и синот од Велес се починати повеќе од еден месец, како што објавија дел од медиумите.
Иако здравствените власти предвидуваат врвот на епидемијата да биде кон крајот на април со околу 2.000 заболени, експерти на МАНУ вчера излегоа со предвидување дека максималниот број инфицирани од коронавирус во земјава се очекува да се случи во почеток на мај со околу 1.100 заразени.