ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Киселата средина на „едноклеточните“ сејачи на лажни вести

April 12, 2020 10:27
in ESPRESSO, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

коментира: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Инсинуациите и свесното манипулирање со јавноста од страна на врвот на ВМРО-ДПМНЕ не престануваат. Се чини дека нема ни за момент да се поколебаат во пласирањето на нивната црна агенда и покрај тоа што знаат дека со пласирање на овие лажни вести за спремноста на здравството да одговори на пандемијата, внесуваат неоснован неспокој кај граѓаните. Не се обѕираат воопшто на тоа дека секогаш експресно се демантирани со факти од сите релевантни фактори, туку продолжуваат да манипулираат.

Вчера генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев обвини дека медицинскиот персонал се соочува со недостиг на заштитна опрема. – Лекарите и медицинските сестри немаат скафандери и во ек на пандемија со заразна болест се движат како во нормални услови… недостасуваат и визири, ракавици и заштитни маски. Лекарите и медицинскиот персонал се буквално голораки, а нивното здравје е ставено на коцка. Ова нѐ прави ранливи како држава, рече Јанушев без око да му трепне за искажаната лага.

Во своите евтини политикански намери не ги поколеба ни револтот кој доаѓа директно од самите здравствени работници кои на социјалните мрежи го демантираат генсекот на вмровсците.

Јавноста исто така со вчудоневидување сведoчи на секојдневната канонада со лажни вести која доаѓа од Белата палата, и реагира да се престане со дезинформациите. Граѓаните со револт преку социјалните мрежи им порачуваат на ВМРО-ДПМНЕ дека со ваквите настапи и лаги не само што не добиваат, туку вртоглаво губат политички поени.

Министерот за здравство Венко Филипче реагираше, посочувајќи дека одговорно тврди дека ништо не недостасува, а има и доволни количини во резерва.
– Игор Јанушев, исто како и Мицкоски се обидува да ја манипулира јавноста. Минатиот пат, Мицкоски свесно манипулираше дека нема тестови, а овој пат лагата е дека нема заштитна опрема за медицинскиот персонал. Минатата недела е направена инспекциска контрола во 79 здравствени установи од страна на Државниот здравствен и санитарен инспекторат и во ниедна не е забележан недостиг на опрема, напиша Филипче на Фејсбук.

– Ова однесување на опозицијата не носи добро никому и многу одмага во борбата со коронавирусот. Не ја разбирам потребата постојано да се лаже и манипулира јавноста на тема која и онака ги држи граѓаните во страв и неизвесност, вели министерот Филипче.

Ретко кој освен осамената врхушка затворена во раскошот на Белата палата ја разбира потребата од нивните постојани лаги и манипулации преку кои шират страв и неизвесност, но тие не застануваат.

Од сето ова јасно се изведува заклучокот дека оваа „едноклеточна“ постава на ДПМНЕ само во средина на страв, лаги и неизвеснос е способна да вирее и егзистира, но и таквата матна средина се повеќе им се скиселува.

 

Next Post

За пациентите со ретки болести обезбедена и предадена терапијата за три месеци

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk