ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Илија Јованоски: Барам воведување на дополнителни мерки за општина Прилеп.

Последните податоци покажуваат дека влегуваме во втората фаза на пандемијата, во која бројот на заболени граѓани од општина Прилеп, рапидно се зголемува. Од 75, што е вкупниот број на заразени граѓани со коронавирус, регистрирани преку Центарот за јавно здравје – Прилеп, 73 се од општина Прилеп. Од нив работоспособни се 2 третини, а другите се повозрасни граѓани од 60 годишна возраст и деца.

April 12, 2020 14:29
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

После вчерашните 8 случаи, денеска во општина Прилеп се регистрирани 14 нови случаи на лица инфицирани со КОВИД-19.

Вчера, за жал, го имавме и првиот смртен случај во нашиот град. Оваа прилика ја користам да му изразам сочуство на семејството на починатиот, а на останатите членови од семејството да му посакам побрзо закрепнување.

Последните податоци покажуваат дека влегуваме во втората фаза на пандемијата, во која бројот на заболени граѓани од општина Прилеп, рапидно се зголемува.
Од 75, што е вкупниот број на заразени граѓани со коронавирус, регистрирани преку Центарот за јавно здравје – Прилеп, 73 се од општина Прилеп. Од нив работоспособни се 2 третини, а другите се повозрасни граѓани од 60 годишна возраст и деца.

Заради сето ова, и прогресијата на новозаразени со коронавирусот во нашата општина, барам воведување на дополнителни мерки за општина Прилеп.

За таа цел, утре во посета на општината ќе бидат вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шеќеринска, вицепремиерот и шеф на Централниот кризен штаб, Бујар Османи и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, со кои ќе разговараме за мерките кои дополнително треба да ги преземеме.

Ќе побарам поголема вклученост на армијата за спроведувањето на мерките и препораките од Владата и Министерството за здравство. Мора до го спречиме групирањето и гужвите пред банките и маркетите во градот.

Исто така, во оваа прилика сакам да потенцирам, компаниите каде има потврдени случаеви на нивни вработени кои се заразени со коронавирус, во вакви услови не смеат ниту да помислат повторно да ги активираат своите производствени капацитети, додека не се создадат барем минимални услови за работа, според проценките на стручните служби.

Почитувани граѓани,

Мора безусловно и без исклучок да ги почитувате мерките за заштита од коронавирусот. Се работи за вашите семејства, за вашите најблиски, за вашето здравје и здравјето на сите нас.

На крај, сакам на сите католици да им го честитам Велигден, а на граѓаните од православна вероисповед да им го честитам празникот Цветници.

Празнувајте и славате во домашни услови, со своите најблиски, со совето семејството.

Дозволете во оваа прилика да ја пренесам и француската девиза – во текот на неколку недели, да бидеме блиски, тоа значи да се дружиме на растојание.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

На што сè е негативен Христијан Мицкоски...

НАЈНОВО

Студено наутро, сончево во текот на денот

October 5, 2025

Привремен сообраќаен режим за 21. Виз Ер Скопски маратон

October 5, 2025
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ја повлече номинацијата на Марк Брновиќ за амбасадор во Србија, тој обвинува за „длабока држава“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Забрчанец: Еве 11 домашни суштиски промени за кои не беа потребни децениите кои ги бара Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • В недела привремен режим на сообраќај за време на Виз Ер Скопски маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk